2.8 C
Скопје
16:58 - 22 декември, 2024

(ФОТО) Млада мајка на 22 малолетни деца остана сама: Сопругот на Кристина е уапсен за фалсификување документи и перење пари

Кристина и Галип воопшто не штедеа кога беше во прашање проширувањето на нивното семејство. Некои на социјланите мрежи ја нарекуваа дека оваа нејзина потреба од големо семејство преминува во зависност, но младата Грузијка не им обрнуваше внимание на хејтерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)


Додека таа уживаше во нејзниното „гу-гу“ царство, нејзниот сопруг „напорно“ работел за да ја  обезбеди потребната количина на пелени, кашички, играчки и други неопходни нешта за нивното големо семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)


Сепак, гордиот татко на 22 деца го прекршила законот, а големиот трошок за бебешка храна и додатоци решил да го обезбеди на нелегален начин

„Чувството на осаменост не ме напушта ниту со толку блиски луѓе во мојата близина. Навикната сум сопругот да е дома, да е секогаш тука. Последниве години работи од дома, па постојано бевме заедно. Ноќе, кога ќе ги заспиевме децата, си правевме муабет… Кога и да одев во Тбилиси или Истанбул, си зборувавме по телефон со часови“, напишала младата мајка на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)

Кристина Озтурк од Грузија, мајка на 22 деца, се нашла во големи невољи откако нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк (57) e уапсен под обвинение за фалсификување документи и перење пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)

Кристина живее во нивната голема куќа во градот Батуми, Грузија, со своите деца. Таа го родила девојчето Вика на 17-годишна возраст, а потоа, првото дете со Галип – синот Мустафа, го добиле во 2020 година. Нивното 21. дете – ќерката Џуди се родила пред само три месеци. Тие двајца станаа светски познати, откако од март 2020. до јули 2021 година, потрошиле повеќе од 168.000 евра на сурогат-мајки кои им родиле 19 бебиња. Така, таа на свои 24 години е мајка на 22 деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristina Ozturk (@batumi_mama)

На дадилки годишно трошат повеќе од 90.000 евра, а планирале да имаат 105 деца. Но, Кристина сега вели дека не знае дали нивните планови ќе се остварат бидејќи Галип е уапсен во Грузија, а таа е осамена и не може да го поднесе тоа што го нема својот сопруг крај себе.

Кристина вели дека сега ѝ е потешко од кога било.

„Не можам да ја поднесам тишината. Не можам да го поднесам неговото отсуство… Не можам да ја слушнам неговата смеа, гласот, не ја чувствувам неговата прегратка“, раскажува таа.

Инаку, Галип Озтурк, освен како осомничен фалсификатор, е познат и по тоа што избегал од Турција во 2018 година, како осуденик на доживотен затвор за убиство извршено 1996 година.

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо
Се вчитува....