8.8 C
Скопје
10:30 - 30 март, 2026

ФОТО: Магија низ фотографии – Француско гратче кое се претвора во божиќна бајка во текот на декември!

Иако речиси секој град изгледа магично кога ќе се украси со новогодишни светилки, а особено кога ќе го покрие и првиот снег, некои европски изгледаат посебно.

Колмар е град во францускиот регион Алзас, сместен точно под источното подножје на планината Вогези, а низ градот поминува реката Лаух која со канал е поврзана со реката Рајна.

Основан во 9-от век тој е вистинско мало гратче од светот на бајките, обоено со разнобојни куќи, мали продавници, мостови, канали и улици со калдрма.

Има околу 86.000 жители, а го нарекуваат и „градот на виното и уметноста“, а поради прекрасните продавници, канали и фонтани, Колмар е познат и како „мала Венеција“.

Колмар за време на новогодишните и божиќните празници изгледа како од бајка. На секој чекор се чувствува магијата, радоста и возбудата на децата, незаобиколниот мирис на вареното вино…

А од 1998 година, градот ги инспирира своите жители да ја користат имагинацијата за да го доловат божиќниот дух така што се организираат натпревари во 3 категории: најубаво украсена куќа, прозорци и балкон, најубав божиќен пазар и најубаво украсен излог на продавница.

Ние денес ви ги издвоивме најубавите фотографии од Инстаграм кои сликовито ќе ви ја доловат магијата на Колмар пред новогодишните и божиќните празници.

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....