11:25 - 27 август, 2026

ЕКСПЕРТ ЗА СЕКС ОТКРИВА: Каква грешка најчесто прават мажите во кревет?

она

Експертот за секс Она Артист сподели пет совети за тоа како мажите можат да ги задоволат жените, а исто така откри дека постои вообичаена грешка што мажите секогаш ја прават во кревет, пренесува „Индекс“.

„Многу мажи забораваат да бидат нежни со својата партнерка и на сексот гледаат само како на нешто што мора да се направи. Наместо тоа, треба да се грижат за партнерката, да внимаваат на неа и да мислат за нејзините потреби“, предупреди таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ona 🎨🎤🍑 (@onaartist)

„Нејзините желби нека ви бидат приоритет, но мора да бидете и искрени. Разговорот и комуникацијата се клучни за добар секс“, открива Она.

Таа открива и пет трикови со кои сексот може да биде подобар:

Исклучете сè

-Ставете го телефонот во фиока, исклучете го лаптопот, телевизорот, радиото, „PlayStation“… Сè што може да ви пречи вам или вашиот партнер

Ласкајте ѝ

-Мислам дека е многу важно да ѝ се додворувате на партнерката и тоа не само на начин да ѝ го комплиментирате изгледот, туку и да ѝ дадете до знаење дека ве пали. Покажете подлабок интерес за секс секој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ona 🎨🎤🍑 (@onaartist)

Не плашете се да користите играчки

-Заедничкото користење играчки ќе го подобри сексот бидејќи тоа е искуство кое ќе ве поврзе. Забавувајте се пробувајќи различни работи и не плашете се да експериментирате.

Променете ја вашата рутина

-Иако стекнувањето навика да одвоите време за секс е одлично, обидете се да не ви стане рутина. Изненадете го партнерот со мали подароци, тие не мора да бидат скапи. Сето тоа е важно во предиграта. Не плашете се да бидете похотлив и разигран. Може да биде забавно!

Промена

-Ако нешто во сексот не ви одговара, време е да го кажете тоа гласно и да променете нешто. Повторно воспоставете интимност и оставете ги работите да се развиваат од таму. Не мора секогаш да имате целосно пенетративен секс.

Слични објави

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.

Хороскоп за 27 август: Овните ќе се фокусираат на саканата личност, Близнаците ќе имаат креативни идеи

Еспресо

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо

(Фото) Предизвика „бура“ во Америка – сопругата на Сергеј Трифуновиќ позираше топлес

Еспресо

(Фото) На 43 години, тој е вистински ѕвер! Златан Ибрахимовиќ на ова ја должи тајната за својот младешки изглед 

Еспресо
Се вчитува....