7.8 C
Скопје
10:27 - 1 април, 2026

Дубиоза Колектив со нов албум и нов спот: Робот е нов пејач во босанскиот бенд! (ВИДЕО)

Генијалните момци од групата Дубиоза Колектив денеска објавија нов спот на својот Јутјуб канал за песната „Take my job away“, која е дел од нивниот најнов албум кој исто така е промовиран пред пошироката јавност. 

Во спотот за новата песна, во улога на вокал, како специјален гостин се појавува роботот Robby Megabyte – хуманоиден естраден асистент.

Спотот е во режија на Салем Капиќ Кантарџиќ, во продукција на агенцијата Фабрика.

Песната во која гостува роботот всушност зборува за проблемите со недостатокот на работна сила во нашите краеви предизвикан од неконтролираната миграција на запад, можниот излез од кризата со помош на роботика, автоматизација и вештачка интелигенција, но и опасностите и замките од овие технолошки решенија.

Спотот е најава за деветтиот студиски албум на Дубиоза колектив кој го носи насловот #fakenews, а кој можете да го преслушате овде. 

На албумот, покрај несекојдневниот гостин – робот, учествуваат и неколку големи светски музички имиња, помеѓу кои е и славниот Ману Чао.

Дали роботизацијата и вештачката интелигенција засекогаш ќе ја променат светската, но и домашната естрадна сцена останува допрва да се види, а до тогаш уживајте во новиот хит на босанската група:

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо
Се вчитува....