23.8 C
Скопје
15:54 - 1 октомври, 2026

Династија на развратници и светци: Романови обожавале оргии и луди забави (ПРВ ДЕЛ)

Љубовниците често биле пресудни за опстанок на царствата, но и за нивното пропаѓање, a oва е приказна за едно од најславните кралски семејства, семејството Романови.

Приказните за животите на членовите на династијата Романови не престануваат да го интригираат светот. Во книгата на британскиот историчар Симон Себага Монтефиореа откриени се бројни детали за животот на царското семејство и оние од непосредното опкружување.

Монтефиореа влегува длабоко во интимата на царевите, нивните сопруги, децата, љубовниците, во нивната психа, карактерите, слабостите, но и силата на секој од нив.
Во продолжение прочитајте неколку интересни приказни за семејството Романови.

Како Александар Први Романов се „сплеткал“ со туѓа куртизана?

„Ти нудам 100.000 фунти и ќе ти ја вратам Вилхелмина ако ми ја препуштиш Полска“, му напишал рускиот цар Александар Први Романов на канцеларот на Хабсбуршката монархија, Константин фон Метерних на Виенскиот конгрес на кој се одлучувала судбината на Европа и на светот.

Profimedia

Царот Александар Први Романов неколку часа пред тоа влегол во палатата „Палм“ и во холот наместо лево, кај Катја Багратон, една од најголемите куртизани на 19-тиот век, која ја нарекувале уште „бела мачка“, свртил десно накај Вилхелмин де Саган, исто така позната куртизана и долгогодишна љубовница на канцеларот Константин вон Метерних.

Profimedia

Послугата забележала дека царот кај Вилхелмина се задржал повеќе од три часа. Но љубовната уцена не успеала, а Метерних и претходно се жалел дека Вилхелмина „морала да го прави „тоа“ седумпати дневно и сексот ѝ бил како јадење оброк“.

Profimedia

Всушност и Катја Багратион, која под фустанот често не носела ништо, била негова љубовница.
Тешко е да се каже дали на Виенскиот конгрес повеќе се воделе преговори за „столот“ или за „креветот“. Биле поканети 100.000 гости од кои една третина проститутки, куртизани, па конгресот се претворил во сплет на љубовни афери и оргии.

Иако на царот Александар не му успеало со љубовницата на соперникот, сексот, дивеењето на забавите и љубовниот живот често пресудно се одразувале на судбината на руското царство.

Слични објави

„Го удри трамвај среде Белград“: Тома Здравковиќ доживеал сообраќајна несреќа кратко пред смртта

Е.А.

„Игор го немам видено 15 дена“: Кеба отворено за синот, бремената снаа и подготовката за новата животна улога

Е.А.

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо
Се вчитува....