13.8 C
Скопје
15:03 - 18 декември, 2024

ДИГНЕТЕ ГО ЗАДОВОЛСТВОТО НА ПОВИСОКО НИВО: Секси-играчки што може да ги направите сами дома

Ако фразата играчки за возрасни од домашно производство не вдахнува доверба во вас и се прашувате што треба тоа да значи, еве неколку одговори.

Играчките што можете сами да си ги направите може да бидат одлична опција – особено за жените кои се неодлучни да користат (или да купат) сè што е механичко или експлицитно создадено за сексуална игра. Домашни односно секојдневни предмети во куќата ни се достапни, плус тие можат да донесат смеа и динамика во кревет.

Еве некои од нејзините омилени „хоум мејд“ секси-играчки и совети како безбедно да ги користите:

Бисерен ѓердан

Ако сакате да направите нешто суперсекси за вашиот партнер, накитот може да ви биде корисна алатка. Откако полека ќе се соблечете , извадете го ѓерданот и почнете да го задевате, полека завиткајте го по неговото тело, по рацете, нозете…, галете го по стомакот. Текстурата на самите бисери дава многу различни и уникатни сензации. Само не користете накит од вашата баба.

Коцка мраз

Обидете се да го разладите партнерот со коцка мраз, додека коцката се топи, неговата кожа ќе се тресе и тоа ќе го излуди на позитивен начин. Со коцката мраз може да поминете и преку вашето тело, допирајќи ги вратот и усните. Тоа изгледа многу сензуално и ќе го подобри сексуалниот чин.

фото: инстаграм

Дрвена лажица

Дрвената лажица е совршена за тепкање по газето – а тоа може да го направите полека или посилно, во зависност од желбите на партнерот/ка. Само бидете сигурни прво дека тоа и вас ве задоволува и колку,  и дали воопшто, ви се допаѓа малку болка.

Перници

Декоративните цели не се единствената причина за инвестирање во дополнителни перници. Перниците можат да послужат како помош во некои пози во сексот. Секако, мажите можат да бидат многу инспирани кога жената ја гризе перницата за време на сексуалниот однос – тоа му покажува дека тој прави работи за неа кои сигурно ѝ одговараат.

Стапчиња

Немате трпение да јадете кинеска храна со стапчиња? Јадете ја храната со вилушка и чувајте ги стапчињата за ноќни авантури. Стапчињата може да се завиткаат со мала гумена лента на краевите за да се создадат едноставни клипови за брадавиците. Тоа е за партнери кои сакаат таква забава и на кои им се допаѓа кога ги допирате нивните гради.

СОВЕТИ И ОПАСНОСТИ: Дали аналниот секс е за вас и вашиот партнер?

Кокосово масло

Органскиот тип, кој нема да содржи конзерванси или други хемикалии, одлично делува како евтин лубрикант. Проверете дали вашето масло е пресно. Осигурајте се дека претходно не е отворено. Започнете со лесна масажа со масло на телото на вашиот партнер/ка. Ќе му одговара допирот и мирисот и ќе го надразни.

Чорапи – хулахопки

Убаво е да ги соблечете чорапите при сексуален чин, па зошто да не ги вклучите во забавата наместо да ги фрлите во купот за перење? Искористете ги женските чорапи за да ги врзете зглобовите на партнерот за време на заведувањето. Запомнете, сите други сетила се зголемуваат кога видот се губи, па можеби ќе сакате да користите нешто свилено или секси на допир за да му ги врзeте очите.

(ФОТО) ПРЕД ДА СТИГНЕ КОНДОМОТ ДО МАСИТЕ: Каква заштита користеле предците?

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....