17:50 - 5 декември, 2025

ДЕНЕС СЕ ОБЕЛЕЖУВААТ СВЕТИЦИ КОИ ВО МЛАДОСТА БИЛЕ ПРОСТИТУТКИ: Покајание има за сите, ако направите една работа!

икона жена религија

Денес, православната црква и верниците го слават споменот на две светителки кои живееле развратни живот како проститутки, но се покајале и со тоа го заслужиле царството небесно. Преподобната Пелагија и преподобната Таиса служат како пример дека простувањето на гревот е можно за секого.

Преподобна Пелагија била христијанска маченичка и светица од 5 век со исклучителна убавина. Житието вели дека таа можела да го помати разумот и да го заведе секој маж. Таа била танчерка и проститутка и на тој начин многу се збогатила.

Кога ја слушнала проповедта на владиката Нона за Страшниот суд и казнувањето на грешниците, сè се променило! Пелагија одлучила да се крсти и да го промени својот живот.

пелагија религија икона
фото: denovi.mk

– Помилуј ме, грешна, свет оче, крсти ме и научи ме на покајание: јас сум море од беззаконие, бездна на пропаст, мрежа и алатка на ѓаволот – се молела таа според житието во манастир и свештениците ја крстиле и ѝ помогнале да ги искупи гревовите.

Оваа молитва и денес ја кажуваат  жени кои бараат помош и простување на гревовите.

Потоа Пелагија го дала своето огромно богатство на сиромашните и тајно отишла во Ерусалим, каде под машко име, како монах се затворила во ќелија, заветувајќи се на живот полн со пост, молитва и искупување. Така поминала три години пред таа, исчистена од гревовите и во мир, да умре во 461 година.

Освен денот на преподобната Пелагија, православната црква денеска го слави и споменот на Преподобната Таиса.

И таа била грешница која својата младост ја поминала работејќи како проститутка. Таиса се научила на ваков живот уште од детството, бидејќи нејзината мајка ја убедувала да прави зло. Затоа еден од учениците на свети Антониј Велики – Пафнутије Сидонит, слушајќи за приказната на Таиса, одлучил да ја спаси.

таиса светица религија икона
фото: denovi.mk

Тој отишол кај неа и ѝ платил за ноќта. Мислејќи дека маскираниот монах е само уште еден клиент, Таиса го одвела дома, а тој почнал да ѝ проповеда за Страшниот суд и казната што ги чека сите грешници. После тоа, Таиса толку се покајала за своите дела, што го поделила целото свое богатство и станала монах. По години покајнички и испоснички живот, таа го напуштила манастирот и починала набргу потоа.

Преподобните Пелагија и Таиса и денес служат како пример дека простувањето на гревот е можно за сите само ако искрено го сакаат тоа.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....