-2.2 C
Скопје
02:12 - 19 февруари, 2026

БРАВО, БАРАК! 74 луѓе ковид-позитивни како контра-подарок од роденденската забава

Очигледно роденденот на Обама не се разликувал многу од нашите свадби со 475 гости и „чочеци“.

Вкупно 74 луѓе, гости дојдени во „Мартас Винјард“ се позитивни на Ковид-19 откако присуствуваа на забавата на поранешниот претседател Барак Обама на 60-тиот роденден, минатата сабота.

74 луѓе позитивни на Ковид-19, е „резултатот“ од роденденската забава на поранешниот американски претседател Барак Обама. Сепак, здравствените власти забележаа дека се уште е „премногу рано“ да се знае дали стотиците гости собрани на настанот „без маски“ придонесоа за зголемување на случаите.

„Во моментов не сме свесни за случаи поврзани со Обама“, изјави за „Дејли Меил“ здравствениот агент на Тисбери и портпаролот на здравствениот совет, Маура Вали и додаде „Премногу е рано и единствениот начин да се дознае е преку целосно следење на контактите“.

Стотици луѓе, сепак, присуствуваа на забавата, „слетани“ од сите страни на планетата за да танцуваат, јадат и пијат ноќта, на неговиот имот во Едгартаун. И сите во областа се убедени дека кластерот е поврзан со големиот настан.

И покрај инсистирањето на поранешниот претседател, кој се обиде да покани што е можно помалку луѓе, освен неговото семејство и блиските пријатели, на неговата забава се појавиле 300 до 400 луѓе (некои пак, тврдат биле 475 гости!): од Џеј Зи и Бијонсе до Криси Тајген и Џnон Леџенд…Многу од гостите летале со приватен авион и останале во Едгартаун, каде што подоцна избила епидемијата.

Неколку познати личности, вклучително и Бредли Купер, преноќиле во хотелот Харбор Вју, каде што шест членови на персоналот биле позитивни. Според извештајот на локалните здравствени власти, Харбор Вју е меѓу трите нови „кластери“ во Едгартаун, заедно со „Алхеми Бистро и „Бар“ со 14 случаи, како и ресторанот „Порт Хантер“ со 5 позитивни случаи. Последните два ресторани се привремено затворени, заедно со многу други места, вклучувајќи го и историскиот паб „ Newes from America“, „Wharf Pub“ и ресторанот „Ковингтон“ во Едгартаун.

Обама инсистираше на тоа неговите гости да ги почитуваат правилата за пандемијата и да внимаваат, а дополнително на роденденот бил ангажиран и „координатор за коронавирус“ за да се увери дека се е во совршен ред. Учесниците требале да бидат тестирани и да ги достават своите резултати за да добијат влез на настанот.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....