06:54 - 25 февруари, 2026

БОИТЕ ВО НАШИТЕ СОНИШТА: Зелената е мистична боја, црвена – боја на крвта, страста, енергијата и љубовта

Според теоријата на Јунг ние во соништата не гледаме одредени бои, туку ги замислуваме според реалниот амбиент во кој живееме.

Ако лицето што сонува се буди со чувство дека во сонот видело атмосфера обоена црвено, тоа значи дека во потсвеста преовладувало чувство кое во специфичниот случај е исполнето со оптимизам. Понекогаш бојата може да претставува некоја личност. Ако некоја боја се повторува во низа соништа, аналитичарите велат дека би требало да се посвети извесно време за да се дознае на кого или на што ни го насочува вниманието. Еве ги толкувањата на неколкуте најчести бои.

Сина – ова е боја на небото и на духот. На психички план тоа е боја на мислите. Се поврзува со проблемите на душата и во соништата е знак дека треба да забавиме, да се опуштиме, повеќе да се занимаваме со медитација и со размислување. Може да значи и самодоверба или потреба за насочување.

Црвена – боја на крвта, страста, енергијата и љубовта. Кај Маите претсткажувала победа и успех, а кај Кинезите радост, среќа и топлина на добронамерното Сонце. Денес често се користи како ознака за предупредување и опасност. Црвеното создава хармоничен амбиент во кој спијачот живее. Сонот во кој црвената боја игра важна улога може да ве предупредува или да укажува на веселост и живост.

Зелена – боја на природата и растот. Од психолошко гледиште, зелената боја ја покажува функцијата на чувствата, односот меѓу сонувачот и стварноста. Како мешавина на синото и жолтото, комбинација на небото и земјата, зелената е мистична боја. Исто така ја комбинира ладната сина боја на интелектот со емоционалната топлина на жолтото сонце, давајќи мудрост својствена за еднаквоста, надежта, довербата. Меѓутоа, освен мирот означува и склоност кон материјалното и кон уживањето.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....