14.8 C
Скопје
14:26 - 17 март, 2026

АФЕРАТА НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: Поради врска рипнала од балкон во снег

принцеза дијана спенсер трејлер

Принцезата Дијана еднаш побегнала од безбедносниот тим кој ја чувал скокајќи од балконот на хотелската соба во длабокиот снег и така се стрчала кон својата скриена љубов, пренесува „DailyMail“.

Живот со телохранители

Животот бил непредвидлив за телохранителите и обезбедувањето на принцот Чарлс и принцезата Дијана кога нивниот брак почнал да се распаѓа, бидејќи двајцата биле во врска надвор од бракот.

Кога Чарлс го возел својот Астон Мартин затоа што бил во посета на Камилa секогаш бил придружуван од полицискиот телохранител Колин Триминг. Кога Дијана, од друга страна, го посетувала својот љубовник Џејмс Хјуит, нејзиниот телохранител спиел на софата на приземје додека парот бил горе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Првично додека се среќавала со Хјуит во Девон, Дијана барала да ја однесат кај него во текот на викендот, а потоа исчезнувала. Нејзината служба за обезбедување била лојална и дискретна, но и ужасната, бидејќи знаеле дека ако нешто ѝ се случи „главата ќе им летне“. За среќа, Хјуит бил поразумен од принцезата Дијана и соработувал со телохранителите.

Наметливите медиуми дополнително ги влошија љубовните врски на Чарлс и Дијана. Тие имаа свои „кртови“ меѓу персоналот на Бакингемската палата.

Затоа, не е чудо што и Чарлс и Дијана станале многу таинствени и понекогаш ја загрозувале сопствената безбедност. Дијана била екстремна во тоа. Дури и кога била на почетокот на бракот со принцот, таа повремено предизвикувала паника меѓу телохранителите кога сфатиле дека оди сама на шопинг, скриена само зад нејзините очила за сонце.

Таа се откажа од полициската заштита

Откако таа и Чарлс раскинаа, таа продолжила со несовесно однесување. Во австриското одморалиште Лех, таа избегала од тимот што ја чувал скокајќи од балконот на нејзината хотелска соба на првиот кат во длабокиот снег во текот на ноќта, а потоа се прошетала. Дијана по ова се откажала од полициската заштита.

Некое време подоцна, таа искрено разговарала со полицаецот Дејвид Мајнел, кој ја водел единицата што ги надгледувала сите ВИП личности во Велика Британија.

Таа објаснила дека „иако имала многу непријатели“, имала и „многу пријатели на високи позиции“ кои ѝ пренесувале важно знаење, па често ги испрашувала за тоа што се случува и поставувала прашања. Преку нив дознала дека пет лица од една организација ги следеле нејзините секојдневни активности и ги прислушувале нејзините телефонски разговори.

Дијана се плашела од „тајната држава“ и нејзините „мрачни сили“, но одбила полициска заштита. Експертите веруваат дека можеби немаше да умре во сообраќајна несреќа во подвозникот „Pont de l’Alma“ доколку беше под заштита бидејќи професионално ќе беше згрижена.

Повеќето членови на кралското семејство се нашле во опасни ситуации низ годините, иако трагедиите како смрттна на принцезата Дијана, за среќа, биле ретки.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....