3.8 C
Скопје
17:10 - 19 декември, 2024

Тажната приказна за најголемата гробница за починати од коронавирус (ФОТО+ВИДЕО)

Само 18 километри од Менхетен се наоѓа островот Харт, место кое повеќе од 100 години беше последното почивалиште за сиромашните и оние кои никој не ги барал. Ова островче кое гледа на Бронкс, привлече големо внимание на почетокот на април, откако градот Њујорк објави дека ќе го користи како јавна гробница за закопување на починатите од коронавирус на кои никој не им обезбедил да бидат погребани на некој друг начин.

Ова е најголемата масовна гробница во Америка. На Харт секоја година се закопуваат илјадници луѓе, а повеќе од еден милион остатоци се закопани на целите гробишта.

Profimedia

Но историјата на Харт почнала долго пред коронавирусот.

Неговата првобитна намена била полигон за обука на војници за време на Граѓанската војна.

Парцелата ја купил градот Њујорк во 1868 година, а години подоцна Харт бил место за детски поправен дом, болница, затвор, рехабилитациски центар, па дури некое време таму се чувало нуклеарно оружје, чии траги и денеска се гледаат на островот.

Првиот официјален погреб бил на 22 април 1869 година, вели Мелинда Хант, директорка на проектот Харт исланд, непрофитно здружение кое се занимава со идентификација и следење на сите погреби на островот.

Profimedia

„На островот не се закопани само оние кои никој не ги бара или кои биле сиромашни. Таму се погребуваат сите оние за кои семејството од која било причина не ангажирало ниту една приватна фирма да одржи погреб за нив. Овие гробишта и порано му служеле на градот во време на некои други епидемм“, вели Мелинда Хант.

Меѓу тие епидемии биле и жолтата грозница и туберколозата во 19 век, кога Харт се користел како карантин за заразени. Островот бил клучен и за време на големиот број жртви поврзани со ширењето на епидемијата на грип во 1918 година, кога само во Њујорк починале 30.000 луѓе.

„Градот има можност да ги рециклира гробовите на секои 25 години. Откако телото целосно ќе се распадне до костурски остатоци, законот овозможува гробот да се рециклира, односно повторно да се искористи. Тоа е причината поради која Харт никогаш нема да остане без гробни места“, вели Хант, но напоменува дека градот почнал да ги рециклира гробовите дури откако првпат веќе немало место за ниту еден починат, во 1931 година.

Profimedia

Во помодерната историја на Харт најзначаен период бил оној за време на епидемијата на СИДА во доцните 80-ти и на почетокот на 90-те, кога само во Њујорк од СИДА починале повеќе од 100.000 луѓе. Многумина кои починале од оваа болест се закопани на островот и тоа на изолирано подрачје, а нивните гробови биле подлабоки од гробовите на останатите починати поради стигмата и незнанието како се шири СИДА-та.

Закопите долго време ги вршеле затворениците од блискиот злогласен остров, Рикерс.

„Луѓето зборуваа, ако еднаш отидеш на Харт, ќе те прогонуваат духови до крајот на животот. Затоа многумина не сакаа да работат таму. Ама за мене тоа беше искуство кое ме научи на понизност. Постојано барав да ме праќаат на Харт да закопувам починати“, раскажува Саксон Палмер, бивш затвореник на Рикерс, кој четири месеци работел на островот.

Иако веста дека жртвите од коронавирусот ќе се закопуваат на Харт предизвикаа бројни прашања и негодувања, Томас Лаквер и Мелинда Хант истакнуваат дека тоа е можеби најдостоинствениот начин да се закопаат оние кои никој друг не сака да ги закопа.

Profimedia

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на ќерката на Жељко Јоксимовиќ: Мина се иселила од вилата на нејзиниот татко вредна 2,5 милиони евра, а вака изгледа нејзиниот дом 

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

За 10 месеци оштините во Македонија потрошиле 961.000 евра на пејачи: Најмногу се опариле Северина и Јелена Розга со десетици илјади евра

Еспресо

Дарко Лазиќ се бори со вишок килограми, а сега откри дали повторно ќе го намали желудникот

Еспресо

(Фото) Вељко се огласи на посебен ден за семејството Ражнатовиќ: На Дедиње се слави Свети Никола

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита!“: Марија Шерифовиќ по две години како нова, ја праша публиката за мислење

Еспресо
Се вчитува....