-4.2 C
Скопје
07:35 - 22 декември, 2024

Жешки и љубовни астро прогнози за лето 2022: Близнаците со магнетска привлечност, нови познанства за Девиците, неверојатното ќе стане возможно за Раковите…

Летото отсекогаш било сезона на љубовта. Хормоните се будат, феромони се ослободуваат во големи количини, желбата да се заљубите или дури и само да флертувате вртоглаво расте. Но, какво ќе биде летово од оваа гледна точка?

Енергиите што ќе ги донесе Јупитер, откако ќе влезе во Овен, ќе бидат огромни: ќе го поттикне поимпулсивното дејство, но и ќе станеме многу похрабри; ќе ги надминеме стравовите и ќе правиме необични работи несвојствени за нашит хороскопски знак.

Затоа ќе биде лето полно со новости за многу знаци од Зодијакот, кои за прв пат ќе прифатат необични ставови. Еве ги жешките и љубовни прогнози за ова лето 2022 година.

Овен
Јупитер на 11 мај влезе во вашиот знак и ќе го направи вашето лето магично, полно со среќни настани. Ќе бидете особено посакувани и ќе ви се додворуваат до сите страни. Астралните енергии ќе ги олеснат тешките ситуации и ќе ви дадат нови дразби.

Оние кои се во врска ќе доживеат интензивно лето со многу високо ниво на соучесништво, заедно ќе истражувате нови хоризонти, одејќи рака под рака. Ќе биде потребно само да се надмине нетрпеливоста. Ќе бидете мили, слатки и желни за разгалување …

Слободните, ќе имаат можност да освојуваат благодарение на нагласокот и слаткиот и романтичен став кој ќе ве карактеризира. Не користете ја вашата храброст само за да заведувате, бидете имагинативни.

Што се однесува до еросот, ќе испраќате сексуални пораки кои ќе бидат широко прифатени од оние кои ве сакаат.

Знак за љубов: Близнаци

Бик
Со Марс во вашиот знак ќе блеснете од енергија, нема да има негативни аспекти и ќе имате фокус на јасност на целта што не само што ќе направи да се чувствувате добро, туку ќе ги смири луѓето околу вас. Ќе бидете помеки и подостапни од вообичаено, а вашиот шарм ќе освојува со крајна леснотија.

Паровите во оваа летна фаза ќе имаат можност да направат квалитативен скок, страстите ќе бидат интензивни и ќе се разбирате со еден поглед: ќе можете да ја направите врската постабилна и ќе носите важни одлуки за иднината.

Слободните, ќе бидете многу заводливи, а вашиот шарм ќе ги шармира новите познанства. Но, бидете искрени и врската ќе стане конструктивна и цврста.

Што се однесува до сексот, ќе имате тенденција да заведувате луѓе кои се постари од вас.

Знак за љубов: Девица

Близнаци
Со Венера во знакот, планетата на убавината и љубовта, до 15 јули ќе мора да ја искористите оваа фаза бидејќи ќе бидете особено блескави и полни со енергија со која ќе ги придобиете другите. Ќе бидете заводливи и привлечни.

Како пар, се очекува одлично лето за вашиот знак, но вашата потреба за леснотија мора да се надмине: бидете длабоки и обидете се да му дадете сигурност на партнерот на кој му е потребна поголема стабилност и доследност. На овој начин ќе му излезете во пресрет и ќе ги откажете проблемите што ги доживеавте неодамна.

Слободните, ќе почувствувате потреба за стабилна и трајна врска, ќе бидете длабоки и способни да ги разберете потребите на новите познанства.

Што се однесува до сексот, ќе почувствувате голема потреба за секс за една ноќ.

Знак за љубов: Овен

Рак
Венера ќе минува низ вашиот знак од крајот на јули до 10 август, конечно ќе пристигне таа топлина што недостигаше некое време и со Уран и Јупитер на ваша страна – ќе го направите неверојатното возможно. Сепак, треба да бидеме внимателни и длабоки кон другите. Надминете ги вашите неизвесности и ќе имате фантастично лето.

За оние кои се во двојка, Венера во голема мера ќе ја потхрани вашата чувствителност: ќе бидете сочувствителни кон оние кои ве сакаат и ќе ги поддржувате нивните потреби. Се очекува незаборавен одмор на кој ќе ја зацврстите вашата врска. Внимавајте да не бидете повредени од надворешно мешање.

Слободните, ќе сакате гушкање и нежности, ќе бидете слатки со новите познанства и ќе ги освојувате луѓето со романтичен пристап.

Што се однесува до сексот, ќе користите еротика и сексуалност за да го задржите вашиот партнер врзан за вас.

Знак за љубов: Шкорпија

Лав
Многу астрални енергии ќе имаат тенденција да ви носат нервоза, ќе мора да одржувате контрола и да бидете внимателни во изразувањето на вашите потреби. На крајот на август Венера ќе помине низ вашиот знак и ќе ја направи летната фаза попријатна и пополна со хармонија. Уран ќе се обиде да ви наштети: избегнувајте брзање и импулсивност.

За парови – исклучителен август: многу ваши забранети соништа ќе ги задоволат оние кои ве сакаат, конечно сè оди без проблеми. Ќе имате склоност кон дијалог и ќе знаете да управувате со емоциите, оваа ваша тенденција на најдобар можен начин ќе ја стимулира вашата врска.

Слободните, избегнувајте да бидете мрзливи и наметнете ја вашата волја, во спротивно ризикувате да пропуштите убави можности со посебна личност која ќе пристигне во оваа фаза.

Што се однесува до сексот, ќе имате огромна еротска енергија која ќе ја испуштите меѓу чаршафите.

Знак за љубов: Лав

Девица
Меркур, планетата на комуникацијата, ќе биде во вашиот знак и најдобро ќе го поттикне дијалогот и начинот на врската со саканите. Венера, исто така, ќе биде добро расположена, плус Марс ќе ви ја даде потребната енергија за да надминете секаков вид на проблем… Избегнувајте претерување и ќе имате фантастично лето.

Ако сте во врска, ќе имате можност да доживеете едно од најубавите лета во вашата врска, искористете ги овие поволни енергии за да донесете важни одлуки за заеднички да изградите нов сон или нов проект. Почестете се со незаборавен одмор.

За слободните, ново познанство е пред вас,  зборувајте малку и бидете сензуални, само така ќе го освоите.

Што се однесува до сексот, бидете внимателни: ризикувате да го инхибирате партнерот со вашите ментални размислувања, затоа повеќе играјте си во кревет.

Знак за љубов: Бик

Вага 
Со добро расположени Сатурн и Венера ќе имате лето полно со поволни можности, ќе ве гали астралната енергија и ќе ве цени за вашата длабока и искрена душа. Конечно ќе можете да живеете триумфална фаза без проблеми и без ништо што ќе ве вознемирува, но бидете меки и бистри и обидете се да избегнете бескорисни ментални „елаборации“.

Ако сте во врска, ова лето ќе го започнете со многу тешкотии и многу недоразбирања. Јупитер е во негативен аспект, а Марс создава нервоза, дава збунетост и недоразбирање, но во месец јули ситуацијата ќе се сврти кон најдобро, дури и акоЈупитер продолжи да вознемирува, бидете внимателни на зборовите и дозирајте што ќе кажувате.

Слободните, премногу размислувањето нема да ви донесе добро и ќе ве направи непријатни кон новите познаници, наместо тоа обидете се да ги заинтригирате со мистериозен чин.

Секс: Премногу ментални дилеми може да ја блокираат вашата интимност.

Знак за љубов: Стрелец

Шкорпија
Планетите ќе бараат од вас да имате контрола на импулсите и повнимателна визија во управувањето со вашите врски. Бидете отворени за соработка и достапни кон оние што ги сакате: на овој начин ќе можете да ја направите оваа ваша фаза помалку тешка. Управувајте со вашите стравови и студенилото ќе се претвори во интензивни прегратки.

Ако сте во врска, почетокот на летото нема да биде најдобар. Сатурн и Уран испраќаат неповолни енергии, кои ќе влијаат на вашата врска. Но, следните два месеци, освен Марс во позиција која сугерира напнатост, Меркур и Венера ќе ви пружат незаборавни моменти. Внимавајте да не провоцирате.

Слободните треба да заборават на минатото зашто искуствата нема да бидат добри доколку ги споредувате со старите, новите знаења ќе ви бидат на дофат, но потребна е ваша птвореност кон иднината.

Во однос на сексот, ќе имате наплив на голема љубов и импулси кои тешко ќе ги смирите.

Знак за љубов: Рак

Стрелец
Месецот јули нема да биде многу поволен за вашиот знак: Венера испраќа неповолни енергии, ќе бидете уморни и може да се создадат недоразбирања кои не се лесни за решавање. Јупитер и Сатурн ќе ве поддржат и ќе ви помогнат да ги трансформирате овие енергии во нешто повредно. Во август се се менува, многу позитивен месец полн со интензивни емоции и фантастичен магнетизам.

За оние кои се во врска, вашето лето ќе биде малку флуктуирачко: ќе започнете добро со Јупитер, Марс и Сатурн во ваша корист. Сепак, во месец јули, Венера влегува во негативен аспект и, токму во врските, ќе ви ги одземе извесностите и ќе внесе малку вознемиреност. Само преку позитивен и насмеан став ќе го подобрите вашето лето.

Слободните, промените во расположението би можеле да го оптоварат новото познанство кое ќе ве заинтригира: би пропуштиле шанса што се случува еднаш во животот.

Пазете се од еросот: премногу јавни изливи нема да бидат ценети од оние кои ве сакаат.

Знак на љубов: Вага

Јарец
Конечно тешкотиите ќе се повлечат: Марс е позитивен во јули, но Меркур и Венера се во опозиција. Ќе имате енергија да се соочите со секакви препреки, но ќе морате да ја држите комуникацијата на растојание и да не го правите партнерот љубоморен. Август ќе биде навистина фантастичен и конечно ќе уживате во енергиите со многу љубов и страст.

За оние во парови, вашиот почеток на летото нема да биде најдобар, но Венера ве штити од многу планети кои се непријателски настроени кон вас. Доволно ќе биде да имате високо ниво на контрола и се ќе се врати во хармонија. Веќе во јули Марс ќе биде многу поволен, но Меркур и Венера ќе делуваат негативно. Не грижете се бидејќи во август ќе доживеете фантастичен месец, полн со емоции и интензитет.

Слободни, избегнувајте да се изолирате и дозволете луѓето подобро да ве запознаат, често е тешко да се разберете себеси и новите познаници можеби нема да бидат подготвени да чекаат премногу долго на вас.

Сексот во во оваа фаза наложува да се ослободите и ќе доживеете незаборавни страсти.

Знак за љубов: Риби

Водолија
Венера ќе биде поволна во јули, ќе бидете особено фасцинантни, но потребен е длабок став бидејќи Марс не испраќа позитивни енергии кон вас. Бидете внимателни и избегнувајте каква било напнатост. Во август, енергиите нема да бидат толку поволни, избегнувајте критики и бидете многу внимателни на провокациите.

Во текот на ова лето, вашите расположенија можат да влијаат на спокојството на вашата врска: ќе биде потребна голема леснотија и некритички однос кон оние што ги сакате. Во јули, Марс во квадратен аспект може да ве натера да правите грешки во расудувањето и да дејствувате импулсивно. Само преку вашиот престап можете да уживате во ова лето.

За слободните, избегнувајте секогаш да го кажувате својот збор и дозволете да бидете ценети поради вашето револуционерно битие, тоа што ќе се појавите премногу критично расположени нема да ве направи убави.

Во еросот ќе дозволите да ве водат инстинктите и ќе го совладате партнерот.

Знак за љубов: Лав

Риби
Август ќе биде најубавиот месец на вашето лето: Венера ќе ве натера да надминете секакви проблеми во вашата врска, а Марс ќе испрати многу позитивни енергии кои ќе ви ги дадат вистинските задоволства и многу страст. Ништо нема да ве измачува или да ве вознемири, ќе бидете порешителни од вообичаеното и позаводливи.

Ако сте во пар, ќе биде фантастично лето за вашиот знак. Меркур ќе ве стимулира во врските: ќе бидете сакани и разгалени од луѓето околу вас, згора на тоа Марс ќе ви испрати фантастични енергии и ќе ја зацврстите вашата љубов зачинета со многу фантазии. Вашиот годишен одмор ќе биде полн со емоции и моменти на сладост.

Слободните, ќе можете да зборувате на заводлив начин, ќе имате моќ да ги уверувате другите и да ги натерате да учествуваат во вашето секојдневие.

Сексот генерално не е ништо исклучително, но во оваа фаза нема да можете без него.

Знак за љубов: Јарец

Слични објави

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova

Хороскоп за 16 декември: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Еспресо
Се вчитува....