27.8 C
Скопје
10:35 - 24 август, 2026

Викенд љубовџии: Три хороскопски знаци ќе имаат незаборавно романтичен крај на неделата

Астролозите именуваа три знаци од Зодијакот за кои втората половина од оваа седмица ќе биде во знакот на љубовта и размената на убави чувства. Станува збор за приодот од денес, 16 август до 20 август. Оставете ги работните обврски малку настрана и не грижете се премногу за ситници, туку препуштете се на крилата на чувствата.

Кои хороскопски знаци ќе бидат попрскани со волшебен љубовен прав од судбината, прочитајте во продожение.

Овен

Овенот е фаворизиран од ѕвездите на љубовен план уште од почеток на оваа седмица, а крајот на неделата ќе биде вистинско крешендо.Транзитот на Венера во знакот Лав ќе ви гарантира страст и незаборавно чувство! Но, внимавајте да не се залетате премногу со емоциите. Ако сте веќе во стабилна врска не ја пркинувајте поради минлива романса, а доколку немате партнер уживајте максимум но без обврски, за да не се разочарате со крајот на летото.

Близнаци

Љубовта ве поканува да ги оставите настрана работните грижи – без разлика дали сте на одмор или не – и да им го посветите телото и срцето на вашите чувства! Венера во поволна положба е подготвена да ви гарантира блискост од посебна личност која одеднаш ќе се појави во вашиот живот. Во наредните денови, а особено викендот, ќе имате искуство и со љубов од минатото, па ваше е дали ќе одлучите да се вратите чекор наназад и да ги изгладите односите со бившиот/та или ќе запловите во нова љубовна романса. Ѕвездите ве поддржуваат да си дадете шанса за нешто ново и поубаво.

Вага

Втората половина од оваа седмица е дефинитивно среќен период што се однесува до чувствата! Поволниот транзит на Венера во знакот Лав ви носи љубов и нови искуства, но и внесува спокојство во вашиот живот доколку сте во пар. Конкретно сабота и недела, со Месечината во знакот, ќе бидат дефинитивно многу романтични денови. Искористете ги за патување со саканиот/а, или – доколку останете во градот – организирајте омантична вечера. Осамените нема да бидат сами, но само доколку не се затворат во својот оклоп.

Денешната Млада Месечина ќе им удри шлаканица на два хороскопски знаци: Кој ќе плати за грешките од минатото

Слични објави

(Фото) Јордан Митев во најнежно издание: Пивце на плажа, а до него мирно спие малиот Кристијан

Еспресо

„Не допира ништо низ куќата“: Поранешната куќна помошничка на Лепа Брена откри каква е таа приватно

Еспресо

Хороскоп за 24 август: Овенот има важен разговор, Ракот има несогласувања со партнерот

Еспресо

Емина Јаховиќ потрошила милион евра за нов стан, а веќе мисли да се сели: „Што ми требаше ова, зошто сум овде?“

Т.Ц.

„Најголема победа е да израснат во добри луѓе“ – Сергеј Ќетковиќ отворено за посвојувањето на ќерките

Т.Ц.

Нина Бадриќ повторно воодушеви со беспрекорниот изглед, изгледа како холивудска дива

Т.Ц.
Се вчитува....