20.8 C
Скопје
16:17 - 12 март, 2026

Викенд љубовџии: Два хороскопски знаци ќе ја сретнат судбинската љубов

Астролозите направија љубовен хороскоп за сите знаци на Зодијакот за овој викенд (петок 27 до недела 29 октомври) и заклучија дека два хороскопски знаци ќе имаат исклучителна среќа во љубовта.

Кој ќе започне возбудлива љубовна приказна, а кој ќе се врати на старата љубов, прочитајте во продолжение.

Овен

Возбудлив љубовен викенд им претстои на Овните, па затоа астролозите ги советуваат што помалку да седат дома, особено доколку се слободни. Слободните Овни имаат голема шанса токму овој викенд да ја сретнат личноста на нивниот живот. Веднаш ќе ја препознаат. Тоа ќе биде кармичка средба, ќе помислите дека двајцата се знаете „сто години“. Слободно препуштете ѝ се на љубовта и не ставајте си предрасуди и кочници. Овните пак, кои веќе се во врска, можат да разговараат со партнерот/ката за подигнување на врската на ново ниво – заеднички живо или брак.

Индиски астролози предвидуваат: Три хороскопски знаци до крајот на месецот ќе ја почувствуваат моќта на кармата

Лав

Слободните Лавови овој викенд ќе зрачат со неверојатен шарм, па во купот „поданици“ кои ќе ги привлечат каде и да мрднат, ќе се најде и една нивна веќе заборавена љубов. Заборавена? Астролозите велат дека поради вашата гордост во минатото сте прекинале судбинска љубовна врска. Сега ќе имате втора шанса да ја обновите. Затоа, внимавајте што зборувате и што правите, слушајте го срцето, а не суетниот ум. Лавовите кои пак се веќе во врска ќе уживаат во романтични викенд денови со партнерот, а некои Лавови ќе чујат и прекрасни вести.

Астро прогноза за четврток, 12 октомври

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin
Се вчитува....