7.8 C
Скопје
21:54 - 31 март, 2026

Стиснете заби: Два хороскопски знаци ризикуваат многу да загубат оваа недела

Астролозите именуваа два знаци на Зодијакот кои ќе имаат навистина неповолна недела. Претставниците на едниот знак ќе дојдат до работ да си го загубат работното место, додека претставниците на другиот хороскопски знак ќе имаат длабока криза во љубовниот живот а многу од нив ќе стават точка на врската и тоа на драматичен начин.

Кои знаци најмалку ќе имаат среќа во претстојната недела, прочитајте во продолжение.

Вага

Вагите навистина мора да стиснат заби и да ја издржат лошата недела пред нив. Но добрата вест е што им треба само уште неколку недели трпение и конечно планетата Јупитер (планета на среќата) повеќе нема да биде во опозиција со нивниот знак! Астролозите ги советуваат претставниците на овој знак до тогаш да не се обесхрабруваат, особено во вторник и среда, кога и Месечината ќе биде во опозиција и ќе имате тенденција да гледате сè црно. Внимавајте на работа да не влезете во конфликт со претпоставените, дотолку е напрегната ситуацијата што може да го загубите работното место.

Стрелец

Стрелците ризикуваат оваа недела да ја загубат врската. Планетата Венера која е во опозиција со вашиот знак би можела да ја доведе во прашање вашата љубовна врска, особено ако е долгогодишна. Осамените Стрелци пак, нека не се надеваат на љубовни средби и нови познанства, дури и да се случат ќе бидат предодредени да пропаднат. Сепак, не грижете се премногу: ако е вистинската личност, ќе успеете да го надминете овој тежок момент на криза! Најтешки (и  кавгаџиски) се денови сабота и недела, кога ќе ја имате и Месечината во опозиција. Внимавајте да не дојдете дури до физичка пресметка!

Затемнувањата ќе им донесат светлост: Два хороскопски знаци ќе се позлатат меѓу 20 април и 5 мај

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....