12:00 - 12 март, 2026

ШТО НАВИСТИНА ЗНАЧИ МЛАДАТА МЕСЕЧИНА ВО ЗНАКОТ РИБИ? Кажете збогум на минатото и извинете се!

девојка месечина

Младата Месечина од денес е веќе во знакот на Риби, но што тоа навистина значи?

Младата Месечина секогаш носи нови почетоци и е совршен период за поставување на нови цели.

Затоа, кажете му збогум на минатото!

Младата Месечина означува почеток на нов лунарен циклус и, иако нема да ја видиме јасно на небото како што ја гледаме во сите нејзини фази, носи поголема енергија од било која друга фаза на Месечината.

Со оглед на тоа што Рибити (според астролозите како духовно најстар хороскопски знак) се синоним за изразување на длабоки емоции, но и на неверојатна креативност, оваа Месечина ќе ни донесе на сите повеќе фантазија, повеќе интуиција кон која насока да тргнеме и размислувања за нови креативни почетоци.

Младата Месечина во Риби значи будење на интуитивната трансформација. Но, со оглед на тоа што е во конјукција со Јупитер (исто така во знакот на Риби) кај сите хороскопски знаци ќе донесе промени, а кај – на пример, Девиците и Јарците – големи турбуленции доколку не ги променат своите цврсти ставови.

За Овните и Биковите, оваа млада Месечина ќе донесе агресивност во потрага за совршеното кое повторно нема да го најдат доколку не отстапат од својата тврдоглавост.

Најубаво ќе влијае сепак на водните знаци – Рибите, Скорпиите и Раковите.

За останатите хороскопски знаци оваа Месечина значи поттикнување за изразување на отворени чувства и емпатија кон другите без разлика на тоа какви грешки ви направиле.

Затоа, искористете го овој многу краток период за да се извините, за да ги искажете вашите чувства и да се обидете да станете и вие „млади“ сонувачи!

 

 

Слични објави

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо
Се вчитува....