4.8 C
Скопје
03:20 - 21 декември, 2024

Рак, сè што треба да знаете за овој хороскопски знак: неговите доблести, тајни, недостатоци, љубов…

Ако сте родени од 22 јуни до 22 јули, тогаш сте роднеи во астролошкиот знак Рак. Во тој период од годината сонцето е во својот зенит, највисоката точка на небото. Ракот, воден знак, реагира инстинктивно, тоа е многу интуитивно суштество, често на работ на видовитоста. Но, еве што ни кажуваат ѕвездите за карактеристиките на Ракот!

Нежни, сентиментални, привлечни и резервирани. Но и одлучни, несигурни и тврдоглави. Ракот е направен од контрадикторности и не се открива веднаш… Можеби изгледа на прв поглед намќор, но неговиот оклоп го штити слаткиот карактер и неодоливата емотивност. Под влијание на спомените од детството, тој тешко се одвојува од минатото и од семејството. Работи што го прават среќен? Малку, но добри: топлината на домот, книга поезија, наклонетоста на саканите.Внимавајте што зборувате и што правите ако има Рак во близина!

Карактерот на Ракот

Меѓу водните хороскопски знаци, семејството е најмногу број 1 за Ракот. И тешко ќе се отцепи од мајка си, но често и од таткото. Послушен, прилично срамежлив, приврзан и воздржан, во одредени моменти неговото однесување ќе изгледа детско. Од сугестивна природа, овој сонувач има високо развиена чувствителност, интуиција и имагинација. Малку надарен за наука, тој е голем романтичар, привлечен од патувањата, но парадоксално многу сака да седи дома. Корисен, полн со разбирање и спонтан, сепак, неговите промени во расположението понекогаш се вознемирувачки.
Тогаш Ракот ќе се засолни во својата школка мислејќи на минатото, а не на сегашноста. За Ракот животот многу ќе зависи од односот со мајката. Ако сликата е добра, Ракот ќе се чувствува безбедно. Но, ако односите се напнати, тој ќе стане каприциозен.

Ракот ги брани своите простори, свесен за многуте опасности на светот. Поради оваа причина тој е многу приврзан за семејството и домот. Тој знае дека со создавање цврста заштитна сфера, ќе може ефективно да се соочи со неочекувани настани.

Сепак, постојат разлики помеѓу мажите и жените Рак. Мажот сака да биде поддржан од партнерката. Жената Рак, пак, чувствува потреба да го заштити својот маж. Секогаш помеѓу реалноста и фантазијата, Ракот, иако се бори да се отцепи од семејството, ќе сака да си основа свое семејство. На професионалната судбина на Ракот големо влијание има неговата семејна состојба. Ќе се фаворизираат сите занаети поврзани со вода и професии во контакт со јавноста. Благодарение на својата имагинација, Ракот може да се посвети и на пишувањето.

Бик, карактеристики и тајни: целата вистина за овој хороскопскиот знак!

Љубов и секс

Нема секс без љубов…и обратно. За Ракот приврзаноста е неизбежен импулс, зачин на животот. Срамежлив, но нежен љубовник, подготвен да даде се за љубов. Лесно скока во брак – од авантури до создавање семејство … чекорот е краток!

Професија

Способноста да сочувствува со другите фаворизира социјални, организациски, но и интроспективни работни места: писатели, актери, јасновидци, поети, психолози, педијатри, медицински сестри, наставници и социјални работници. Ракот сака да се чувствува корисно, да им помага на другите, да го пренесува своето знаење: себичноста не е дел од неговиот вокабулар. Ракот не сака да командува, но сепак, знае да биде добар менаџер  бидејќи знае како да ги избере вистинските луѓе околу себе, благодарение на својата неповторлива интуиција, и да ги насочува без да го повиши тонот. Тие пак се сигурни покрај својот менаџер Рак, зашто никогаш нема да ги отпушти или замени.

Жена Рак

Таа е грациозна, нежна и мила, со очи кои секогаш се воодушевени или маѓепсани. Изгледа кревка, но во реалноста таа е силна жена, многу мајчинска и дарежлива, која пред се сака да им помага на другите. Таа е идеалист, уметник.

Како и мажот Рак, на жената Рак ѝ одговараат сите работи кои ја наведуваат да има контакт со жени или деца. Таа ќе биде добра куќна помошничка, педијатар, учителка, психолог итн… може да биде и медицинска сестра, доктор или социјален работник. Жената Рак е највисокиот израз на женственоста и, секако, таа е одлична мајка.

Како сака?

Генерално, таа сака да основа семејство, да се мажи и да има деца. Помеѓу кариерата и семејниот живот нема да се двоуми, ќе го избере второто. Ако имала отсутен или идеализиран татко, ќе избере мажи постари од неа, кои ќе ја надоместат празнината што ја доживеала во детството; таа ќе биде целосно реализирана во оваа врска, под услов нејзиниот маж да биде доволно интелигентен за да остави малку слобода на оваа жена која сака да патува и да излегува со своите пријатели.

Мажот Рак

Постојат два вида на астролошки Рак (што се однесува до мажите), како што се двете лица на Месечината: генерално, едното има тркалезно лице и многу големи очи; другиот е потенок, со луцидност во погледот, како да гледа преку формата. Но и двајцата се фасцинантни, нежни, чувстителни кои секогаш се вечни деца кои бараат мајка.

За делата во кои протагонист е имагинацијата, оние кои овозможуваат остварување на соништата: тој ќе биде многу супешен ако стане фотограф, сликар, писател, поет, филмски работник. Под влијание на Месечината, Ракот лесно доаѓа во контакт со толпата, со јавноста и со светот на жените и децата; може да направи кариера како учител, психолог, педијатар, гинеколог-акушер или да се занимава со социјални или детски проблеми.

Како сака?

Тој е нежен и романтичен маж, кој ги разбира жените подобро од кој било друг: вниманието, слатките зборови, љубезноста од секаков вид ќе го направат пријатен придружник. Ја сака љубовта, па затоа е склон да биде неверен, особено кога е млад. После тоа, се стабилизира и тешко го напушта гнездото; тогаш се задоволува со сонувањата за прекрасни патувања… седејќи во удобна фотелја.

Ѕвезди родени во знакот Рак
Марсел Пруст, Том Круз, Линзи Лохан, Кортни Лав …

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....