12.8 C
Скопје
13:03 - 21 април, 2026

Полни паричници: Четири хороскопски знаци ќе имаат луда среќа со парите во текот на април

Секому може да се случи да западне во некаква неповолна финансиска ситуација, но овие знаци на Зодијакот ќе имаат среќа и овој месец со парите, а финансиските проблеми ќе ги заобиколат.

Еве кои се среќниците на астролистата.

Астропрогноза за сабота, 6 април: Нови познанства за Близнаците, енергија за Лавовите

Бик

Подгответе се за месец полн со предизвици! Претстојната млада Месечина во Овен ќе влијае на вашата деветта куќа на животните вредности и приоритети, филозофијата и високото образование. Бидете подготвени за внатрешни духовни промени.

И веќе на 21.4. Јупитер, планетата на ширењето и среќата, и Уран, планетата на промените и технологијата, се среќаваат во вашиот хороскопски знак, формирајќи конјункција. Проблемот кој долго ве држеше во неизвесност, вклучително и на полето на финансиите, ќе ви биде решен на најдобар начин.

На 29 април, вашата владејачка планета, Венера, се преселува во вашиот знак и тогаш сè ќе оди како што посакувате. Во април можете да го промените пристапот кон работата, да ги преиспитате вредностите и односот кон вашата професија. Воведувањето на нов пристап ќе доведе до промени во областа на финансиите.

Лав

Вашата креативност ќе достигне нови височини на почетокот на месецот! Во овој момент, ќе видите дека сте создале ограничувања во вашата креативност. Ова откритие ќе ви овозможи да се покажете на нов начин, кој може да биде награден, вклучително и парично.

Сезоната на Бик ќе ви донесе успех во кариерата. Ако барате работа долго време, не очајувајте: вашата понуда од соништата е веднаш зад аголот! Подгответе се за големи финансиски промени кои ќе се случат до крајот на месецот и искористете ја паузата на почетокот на месецот за да го ослободите вашиот креативен потенцијал.

Девица

Не брзајте да донесувате одлуки! Во времето на ретрограден Мерку, за вас најдобро е малку да забавите. Сепак, и таква „пауза“ може да вроди со плод!

Искористете го вашето време мудро: направете планови за блиска иднина и подгответе се да ги спроведете на крајот на месецот. Промените во финансиите се можни само со правилна подготовка на плановите за иднината: правилно поставете ги приоритетите и воздржете се од потфати до крајот на ретроградниот период на Меркур. Потоа, следува вашето време на пари!

Риби

Периодот на ретрограден Меркур во април ќе им донесе промени на полето на финансиите на претставниците на хороскопскиот знак Риби. Ќе се чувствувате посигурни, а на тоа ќе обрнат внимание и луѓето околу вас: колегите и шефовите.

На почетокот на месецот наеднаш ќе го промените пристапот кон работата. Не плашете се од промените, бидејќи благодарение на нив, финансискиот успех е веќе пред вашата врата!

Нивни пет минути: Два хороскопски знаци ќе доживеат невиден успех во април

Слични објави

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Еспресо

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо
Се вчитува....