7.8 C
Скопје
08:35 - 7 октомври, 2026

Почнува да делува ретроградниот Меркур: Што не треба да правите, а како да го искористите на најдобар начин

Ретроградниот Меркур се случува на секои три до четири месеци. Од денес почнува неговото ретроградно движење и ќе трае до 3 јуни. 

Еве на што сите астролошки знаци трета да внимаваат кога се случува ретрограден Меркур.

Не почнувајте нови врски

Кога Меркур е ретрограден подобро е да не започнувате нови проекти ни на работа ниту во приватниот живот. Посветете се на завршување на започнатите работи, а со новите планови почнете после 3ти февруари. Не потпишувајте договори, не започнувајте нови работи, а никако не помислувајте на селидба. Врските кои почнуваат кога е во тек ретроградниот Меркур, не траат долго.

Проверете ги меиловите по два пати

Ретроградниот Меркур ја отежнува комуникацијата, па вашите зборови можат да се протолкуваат на различни и непријатни начини. Внимавајте како се изразувате, што сакате да кажете и да напишете, а секој имеил прочитајте го по два пати пред да го испратите. Посебно внимавајте и во комуникацијата со партнерот. Можеби сега не е вистински момент да зборувате за бракот, децата и слични важни одлуки.

Не планирајте патувања

Веруваме дека до сега зимскиот годишен одмор веќе го организиравте, зашто ретроградниот Меркур влијае и на патувањата. Ако тргнувате баш сега на одмор, двапати проверете ги резервациите за сместување, превозот, автобуските/авионски билети. Одложувања и доцнења се многу честа појава за време на траењето на овој феномен. И да, внимавајте на куферите. Често се случува во овој период да се изгубат.

Проверете го автомобилот

Вашиот лимен љубимец почна да испушта чудни звуци? Тоа не е чудно, Меркур е ретрограден. Автомобилот однесете го на проверка пред патување.

Не купувајте нови технолошки апарати

Купувањето на нов мобилен, компјутер или автомобил оставете го за подоцна, по 3ти февруари. Ретроградниот Меркур има големо влијание и во сферата на технологијата. Истовремено, немојте да се зачудите ако во овој период ви се расипе некој од апаратите за домаќинство.

 

Слични објави

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо
Се вчитува....