14.8 C
Скопје
13:05 - 30 октомври, 2026

ПАРИТЕ ПРЕД СÈ: Најголемите материјалисти во Зодијакот

Припадниците на овие хороскопски знаци важат за луѓе кои ги обожаваат парите и за нив материјалната сигурност е на прво место.

Тоа не мора да значи дека е лошо – тие се амбициозни и вредни, но исто така знаат да бидат и дарежливи. Но, не помислувајте дека се расфрлаат со пари.

Бик

Биковите ги ценат парите, особено ако макотрпно ги заработиле. Работат напорно и вредно и кога ќе заработат доволно сакаат да си дозволат поголеми луксузи. Иако секогаш се подготвени да помогнат, не сакаат да позајмуваат пари на други, па ако ги замолите за позајмица бидете подготвени да ве прашаат за што точно ви требаат парите. Најголема маана им е што понекогаш мислат дека со материјалната сигурност си купиле среќа, но тој впечаток кратко трае.

Лав

Луѓето родени во овој знак од мали сонуваат да живеат во богатство и раскош. Ако има знак кој не знае за доста, тоа е Лавот. Обожаваат да купуваат и да инвестираат, како и да живеат на висока нога. Немаат проблем со позајмување и подарување пари, но знаат да бидат и нечувствителни кога се во прашање материјалните работи. За среќа, не се плашат, ни срамат од каква било работа и би работеле и неколку работи за да живеат на она ниво кое си го замислиле. Хедонисти се, па секогаш во стекнатото богатство уживаат со најблиските.

Слични објави

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova
Се вчитува....