1.8 C
Скопје
00:40 - 12 март, 2026

Никој не им чини: Два хороскопски знаци најчесто остануваат сами до крајот на животот

Астролозите отркиваат дека претставниците на два знака на Зодијакот често се осамени во староста.

Сето тоа се должи на фактот што во младоста тие биле премногу селективни за кандидатите за мажење/женење, а секако и за изборот на партнер. „Никој не им чини“, барем не доволно колку што тие бараат од брачниот другар или партнерот.

Еве кои се на листата.

Овен

Овните се генерално многу пребирливи и, како што сите знаат, тврдоглави луѓе. Тие го бараат својот идеал, категорично одбивајќи да трпат какви било недостатоци на партнерот. Во исто време, и самите Овен понекогаш се далеку од идеални: тие можат да бараат од својот партнер/партнерка идеално тело, импресивна интелигенција, сочувствителност, но и уметнички дух, ама истовремено и добра заработка. Притоа не се навикнати да „трпат“ никаков карактер кој не се совпаѓа според нивниот вкус, заборавајќи на сопствените бројни недостатоци во карактерот, како што е пред се импулсивноста.

Ваквиот однос кон луѓето е причината поради која Овенот го поминува животот сам, особено во староста.

Вага

Вагите донекаде се слични на Овенот, бидејќи често во главите си цртаат идеална слика на личност, која потоа ја бараат цел живот. Секако, не сакаат да се трошат себеси и своето време на оние кои „не се мерат“ со сликата во главата, па најчесто во младоста немаат постојан партнер/ка, а во позрелите години никој не им одговара и сите им пречат.

Во својата старост пак, Вагите може да зажалат што изгубиле време барајќи нешто што самите го измислиле – токму во постари години сфаќаат дека идеални луѓе не постојат.

Астролозите велат дека и покрај се тоа, дури и во старост, Вагите, сфаќајќи ги своите младешки грешки, пак не се подготвени за сериозна врска.

Миленици на судбината: Три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни на крајот на април

Слични објави

Какви се хороскопските знаци под чаршафите? Кој е најиздржлив, а кој глуми оргазам?

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....