0.8 C
Скопје
23:53 - 18 декември, 2024

Неделен хороскоп (28 август до 3 септември): Нови стимули за Девиците, љубов за Лавовите, жешки средби за Стрелците…

ОВЕН: ЗАМОР

Оваа недела ќе почне да се чувствува спротивставувањето на Марс, што ќе ви донесе мал замор и стрес… Посветете особено внимание на понеделник, кога исто така ќе треба да ја истрпите Месечина во неповолна положба. Од друга страна, среќни се деновите сабота и недела, кога Месечината ќе засвети во вашиот знак и ќе ви донесе пријатни романтични мигови! Венера е активна во ваша корист и гарантира љубов и страст.

БИК: ЉУБОВНИ ПРОБЛЕМИ

Уште една напорна недела во однос на чувствата… Неповолниот транзит на Венера ја акцентира нервозата во вашиот живот во пар и води до жестоки дискусии, кои се можни особено во вторник и среда, кога ќе ја имате и Месечината во неповолна позиција. За да побарате дијалог со партнерот, подобро е да се фокусирате на деновите четврток и петок. Добри вести на работното место.

БЛИЗНАЦИ: НЕВОЛЈИ НА РАБОТА

Во канцеларијата може да наидете на мал отпор: неповолната положба на планетата Меркур носи тешкотии во комуникацијата со другите и бранењето на вашите идеи нема секогаш да биде лесно. Искористете ги најсреќните денови- вторник и среда, кога ќе имате прекрасна Месечина на ваша страна. Внимание, сепак, на нервозните Месечеви денови четврток и петок. Среќата ќ ве следи во царството на чувствата!

РАК: МЕСЕЧИНА ВО ОПОЗИЦИЈА…

Вашата недела започнува со Месечина во опозиција која може да ве натера да се чувствувате малку нерасположени и да доведе до дискусии или кавги во семејството… Но, не грижете се, ќе биде подобро почнувајќи од вторник! На ваша страна ја имате наклонетоста на Меркур и Јупитер што ќе ви донесе големо задоволство на работното поле. Неповолниот транзит на Марс, пак, може да ве натера да се чувствувате малку повеќе под стрес.

ЛАВ: ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА!

Оваа недела ќе треба да се справите со два дена на Месечина во опозиција што ќе ви донесе малку поголема нервоза – вторник и среда. Пред се, ќе ви биде тешко во сферата на работата. Во сферата на чувствата, пак, продолжувате да бидете миленик на ѕвездите, со прекрасна Венера која сјае во вашиот знак! Сабота и недела, уште и со прекрасна Месечина на небото, може да се случат среќни средби…

ДЕВИЦА: НОВИ СТИМУЛИ!

Меркур во вашиот знак ви дава нови стимулации, без разлика дали се работи за нови средби, можности или места за истражување… Во овој период сè во вашиот живот е во експериментална фаза, а спротивставувањето на Сатурн – што толку многу ве плаши – ќе донесе само големи револуции и промени. Оваа недела искористете го денот понеделник, кога на ваша страна ќе имате убава среќна Месечина. Нервозни денови, пак, четврток и петок.

ВАГА: МНОГУ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА!

Сега кога Марс влезе во вашиот знак ќе се чувствувате многу поенергични! Се враќа желбата за планирање и правење планови за иднината, дури и оние кои се однесуваат на брачниот живот… Поволниот транзит на Венера, всушност, прави вашата врска да расте и да зајакнува, а многумина од вас ќе разговараат со партнерот за заедничкиот живот, за брак, па и за дете… Среќни месечеви денови: вторник и среда.

СКОРПИЈА: ЉУБОВНИ КАВГИ

За жал за вашиот знак продолжува дефинитивно несреќниот период во однос на чувствата: Венера во неповолна положба ги нагласува тензиите меѓу вас и вашиот партнер. Посебно внимавајте на вторник и среда, кога ќе треба да се справите и со нервозна Месечина… Среќни месечеви денови, пак, се понеделник, четврток и петок, во кои би можеле да добиете добри вести.

СТРЕЛЕЦ: ЖЕШКА НЕДЕЛА!

Вашата недела ќе биде посветена на страста! Поволниот транзит на Венера во знакот Лав ќе им овозможи на слободните Стрелци жешки средби, додека оние кои се веќе во пар ќе сакаат да експериментираат со партнерот во кревет… Денови за паметење, со прекрасна Месечина на ваша страна, се вторник, среда и сабота. Од друга страна, денови на нервозна Месечина, кога треба да внимавате да не експлодирате во кавга, се четврток и петок, а особено нешто може да тргне наопаку во канцеларија…

ЈАРЕЦ: НЕРВОЗЕН ВИКЕНД

Вашата недела не може да започне подобро од ова: во понеделник ќе блесне прекрасна Месечина во вашиот знак, подготвена да ви донесе среќа. Поволна Месечина ќе имате и во четврток и петок, кога би можеле да добиете добри вести на работа… Лоши денови, пак, се сабота и недела, кога нервозата – кај партнерот или во семејството – може вртоглаво да порасне.

ВОДОЛИЈА: СО МЕСЕЧИНАТА ВО ЗНАКОТ!

Оваа недела можете да сметате на два дена кога Месечината ќе блесне за вас и ќе ви донесе пријатни моменти: вторник и среда. Ова ќе бидат два навистина среќни денови, во кои повторно ќе можете да ја пронајдете вашата насмевка и покрај тоа што периодот не е најповолен за вашиот знак, под притисок од долгото противење на Венера… Љубовта би можела да ви донесе тешки миговиа и ако сте во пар, може да ја доведете во прашање вашата љубовна приказна.

РИБИ: СТРЕС НА РАБОТА

Вашата недела може да донесе малку поголем стрес што се однесува до работата: противењето на Меркур, всушност, ќе создаде неуспеси или одложувања на проекти на работното место. Фокусирајте сè на деновите четврток и петок, кога убава среќна Месечина ќе сјае само за вас и не грижете се премногу! Заштитени сте од Јупитер и Сатурн, бавни планети кои ви гарантираат долгорочен успех.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....