1.8 C
Скопје
13:43 - 20 декември, 2024

НЕ МОЖАТ ДА ЗАМИСЛАТ СРЕЌЕН ЖИВОТ БЕЗ ОВИЕ РАБОТИ: Еве што сакаат хороскопските знаци

девојка, среќа

На повеќето луѓе им се допаѓаат слични работи: добра храна, добро вино, добро друштво. Секој главно сака да се дотера, да има парче прекрасен накит или доволно пари за да си дозволи нешто што ги прави среќни. Па, повторно, колку и да им се допаѓа истото на сите, некои сепак ќе претпочитаат да дадат се што имаат за добро парче накит, а други за правилно печен стек, или слично.

Во ова, ние сме донекаде определени од положбата на ѕвездите, па еве ги главните показатели за тоа од што „страдаат“ хороскопските знаци.

4 НАЈЖЕСТОКИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Си стојат на своето

Овен

Припадниците на овој знак сакаат да бидат сакани и прифатени од другите. Уживаат во фини вина, облека и слични предмети со кои ќе се разликуваат од другите. Најдобро се чувствуваат кога имаат многу пари за расфрлање. Сакаат нови трендови, егзотични кујни, цвеќиња, светли бои, облека и да бидат главни во сексот.

Бик

Припадниците на овој знак се фокусирани на уживање, па врвните работи во кои уживаат се добар сон, храна и секс. Тие се љубители на масажи, меки површини и мазни материјали. Сакаат се дружат со семејството, ја почитуваат традицијата и генерално да одржуваат одреден ред во животот. Нивниот приоритет е финансиската сигурност, но и емоционалната сигурност – затоа тие се стремат кон безбедни и рационални одлуки за иднината.

Најфаталните дами во Зодијакот се родени во овие четири знаци

Близнаци

Нови искуства, нови луѓе – се врвните приоритети на припадниците на овој знак. Она што ги обединува се патувањата, кои едноставно ги обожаваат. Покрај тоа, тие се луди по забави и собири од сите форми, сакаат да се расправаат, да прават повеќе работи одеднаш и на тој начин да „заштедат“ време. Обожаваат предизвици во кои можат да се докажат, да заведат и освојат…

Рак

Припадниците на овој знак се чувствуваат најдобро во кругот на своето семејство, по можност со некоја вкусна храна на масата. Вложуваат многу енергија во односите со својот партнер, пријатели и членови на семејството, па затоа тоа им е свето. Сакаат пофалби и комплименти, награда за нивната работа, цвеќиња, проучување историја и гледање документарни филмови. Исто така, уживаат во читање книги, учење, но и релаксирање со чашка алкохол.

ДАЛИ СТЕ ВИЕ МЕЃУ НИВ?: Ова се најљубоморните и најпосесивните хороскопски знаци

Лав

Вежбањето, добриот изглед и кондицијата се важни ставки во животот на припадниците на овој знак. Сакаат секаков вид физички активности, провокативна облека, да се издвојуваат меѓу другите, свила, злато а притоа да заштедуваат пари. Во љубовта и пријателство инсистираат на многу внимание, љубов и известување, сакаат другите да им изразуваат благодарност. Тие ја ценат еротиката и сексуалното истражување, вечера што им ја подготвил некој друг и слаби се на слатки работи.

Девица

Без оглед дали нивните планови се реални или нереални, кога припадниците на овој знак ќе ги зацртаат ќе се потрудат да ги реализираат. Планирањето е една од нивните омилени активности. Покрај тоа, сакаат да им се даваат повеќе опции односно да имаат избор. Сакаат да имаат добро исполнет ормар со лекови за „за секој случај“. Обожаваат парфеми, туширање, помагање на другите, практични работи и удобна облека.

НАЈТАЖНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТ: Кој е нивниот тригер?

Вага

Припадниците на овој знак се големи љубители на материјални работи, простори и украси за кои сметаат дека се убави. Неизмерно сакаат кога другите ги разгалуваат, сакаат да примаат цвеќиња, подароци и други знаци на внимание. Сакаат да дискутираат за теми што ги интересираат, да читаат и да слушаат интересни информации и да посетуваат луксузни места. Сакаат кредитни картички и пазарење, секогаш да има некој покрај себе за разговор, третмани за убавина, масажи.

Скорпија

Припадниците на овој знак обожаваат телесни задоволства, но не толку храна и сон, туку секс, без кој тешко можат да го замислат животот. Сакаат да се докажуваат на работа и да напредуваат, да бидат иноватори со нови идеи и тајни познати само за нив. Важни им се силните чувства и покажување на истите. Сакаат луѓе кои не се баш како сите други. Сакаат прекрасни автомобили и кујната на нивната мајка.

(ФОТО) СТАРОРИМСКИ ХОРОСКОП: Дознајте која птица сте и што значи тоа за вашата судбина

Стрелец

Припадниците на овој знак го сакаат чувството на слобода и способноста за движење. Сакаат работи, патувања и врски што не ги ограничуваат. Сакаат да филозофираат и да звучат паметни за некоја тема. Обожуваат мали деца и животни. Ги сакаат луѓето со необичен пристап кон животот што им ги проширува хоризонтите. Обожаваат бакнежи и романса на поинаков начин, спонтана забава и спорт.

Јарец

Припадниците на овој знак сакаат да станат важни на некој начин – односно ценети во нивната околина. Затоа сакаат да им се даваат одговорности и можности со кои можат да докажат се што можат. Не ги ценат парите како такви, туку лесниот живот и задоволствата кои можат да ги купат со истите, затоа сакаат скапи одмори, убава храна и убави работи што може да ги споделат со најблиските. Сакаат партнер кој ги предизвикува и импресионира, а пред се го сака своето семејство.

ТЕШКО ЌЕ ИЗУСТАТ: Кои хороскопски знаци најтешко кажуваат „те сакам“

Водолија

Припадниците на овој знак се големи љубители на скарата како симбол на дружење со пријателите, кои ги обожаваат во секоја смисла и форма. Сакаат да дизајнираат нови нешта, да прават нешто со свои раце, да аранжираат цвеќиња, да играат мајстор… Чувството на слобода и неограниченост им е многу важно, затоа им се допаѓаат луѓето што не ги повикуваат на ред и немаат високи очекувања од нив, но дозволете им да дефинираат граници.

Риби

Припадниците на овој знак се прикриени романтичари во срцето и нема ништо поубаво за нив отколку да се на одмор со нивната љубов при рака. Тие го сакаат морето и работите што се поврзани со него, природата и животните, мечтаењето и посетата на нови места. Сакаат здрава, органска храна, планини и водопади, луѓе кои се нежни и љубезни. Сакаат кога нивната приватност е заштитена од другите луѓе.

Слични објави

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Цеца го прослави Свети Никола: Пејачката угости ВИП фаци во вила на Дедиње!

Еспресо
Се вчитува....