12.8 C
Скопје
21:42 - 23 април, 2024

Најголемите стравови на хороскопските знаци: Ракот се плаши од потценување, Лавот од понижување…

Овен

Иако изгледаат самостојни и самоуверени, најголем страв на Овенот е да зависи од другите. Ако не ја чувствуваат поддршката од своите најблиски, стануваат несигурни и депресивни, често стануваат пасивни и уморни.

Бик

Она од што Биковите најмногу се плашат е несигурноста без оглед дали на љубовно поле, на работа или финансиски. Самото навестување дека не ја контролираат ситуацијата во која се наоѓаат им предизвикува голем страв. Поради таа причина им треба долго време да стекнуваат доверба во луѓето, а доколку тие несигурности се остварат тогаш се однесуваат гневно, посесивно и одмазднички.

Близнаци

Омилените во дршутвото, зборливите и веселите Близнаци најмногу се плашат дека луѓето нема да ги прифатат такви какви што се – затоа што се уште се свесни за нивното променливо расположение и компликации. Кога се чувствуваат како да не се вклопиле некаде, тогаш стануваат саркастични, нереални и не сакаат ни да слушаат туѓи совети.

Рак

Чувствителните Ракови сакаат да се чувствуваат важни, па кога се чувствуваат запоставено, критикувано или несакано, некои од нивните најлоши карактеристики доаѓаат до израз – стануваат песимисти, се повлекуваат и се сожалуваат себеси.

Лав

Губењето на позицијата и јавното понижување се ситуации во кои Лавот ќе ги покаже своите слабости. Ако чувствуваат дека не се во преден план и дека нивните желби и потреби се игнорирани или омаловажувани на кој било начин, тие одат во кралски режим. Потоа се однесуваат арогантно, саркастични се и бегаат од луѓето кои ги повредиле и се повлекуваат во себе.

Девица

Мирните и спокојните Девици најмногу се плашат некој да ги открие нивните стравови и несигурности. Маските што ги носат служат за создавање на впечатокот што го сакаат. Стравот некој да ги „чита“ нивните чувства на инфериорност, недостојност или недостаток на шарм ги поттикнува да станат плачливи, емотивни, деструктивни и хистерични во стресни ситуации.

Вага

За Вагите исклучително важнен е нивниот углед, а нивната најголема несигурност е идејата дека другите зборуваат нешто лошо за нив и дека таквите разговори може да резултираат со отфрлање. Не се свесни колку им значат на своите сакани, а во стресни ситуации стануваат агресивни, викаат и се караат.

Скорпија

Скорпиите имаат многу малку комплекси, но често се придружени со една несигурност – а тоа е потребата другите да ги доживуваат како многу паметни и способни. Ако се чувствуваат изложени или ранливи, мислат дека другите би можеле да го искористат тоа и да добијат предност пред нив, а потоа стануваат зајадливи и пасивни.

Стрелец

Многу е важно Стрелците да им се допаѓаат на другите луѓе и да бидат запаметени по добро, а критиките ги сфаќаат премногу лично. Ако не се пофалат, брзо ќе им се појави комплекс на помала вредност, а потоа стануваат површни, се губат во говорот, се вознемируваат и генерално се непријатни.

Јарец

Во љубовта и блиските врски, Јарците многу се плашат да попуштат бидејќи се недоверливи кон луѓето и несигурни во себе. Чувствуваат дека не се дораснати на туѓите игри и се плашат дека луѓето ќе ја изневерат нивната доверба. Поради оваа причина тие често се однесуваат ладнокрвно, но кога се под стрес сета оваа несигурност излегува на површина и стануваат нерасположени, посесивни, љубоморни и многу емотивни.

Водолија

Иако изгледа дека Водолиите не ги допира ништо што другите мислат за нив, луѓето родени во овој знак често кријат недостаток на самодоверба. Се плашат дека блиските ќе ги „заменат“ и дека нема да бидат отфрлени затоа што се поединци, па често се преправаат дека се различни од што се. Во стресни ситуации не сакаат да слушаат и бегаат од дискусии.

Риба

Рибите немаат некои големи несигурности, но имаат тенденција премногу да ги анализираат односите со блиските и постои страв дека ќе бидат земени „здраво за готово“. Во стресни ситуации стануваат критични, ладни, а во комуникацијата нема да бираат зборови туку директно ќе ги повредат другите.

Слични објави

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо
Се вчитува....