Кој знак сака да напрвави добар шопинг или добра инвестиција, кој што купува, а кој е скржав… Проверете што откиваат ѕвездите за односот на хороскопските знаци кон парите.
Овен – Огнениот знак Овен не е само страстен во љубовта, туку и во управувањето со парите. За него е навистина тешко да стави „настрана“ пари, па и тоа да се случи, нема да одолее набрзо да не ги повлече од банкарската сметка. Овенот обично сака да троши, да си ги задоволи сите задоволства. На жените од овој знак парите им „течат“ од рацете: од фризер до компулсивно купување. Меѓутоа, за мажите, предноста на трошоците се за автомобилот, спортот или облеката што ја нагласува нивната мажественост. На работното место се вистински коцкари – инвестираат без да се сигурни за успехот. Добар дел од Овновите често трошат и за да го подобрат својот имиџ.
Бик – Зачувувањето и управувањето со сопствените материјални добра се од фундаментално значење за овој зодијачки знак, кој во својата економска сигурност наоѓа засолниште од вознемиреност и страв. Оттаму, односот со парите се темели на почит кон нив. Тешко е да се види Бик кој се рафрла со пари во залудни трошоци: ако тој троши пари, тоа е обично за да се заработи уште повеќе, односно вложуваат само во инвестиции за иднината. И мажите и жените на овој знак, сепак, имаат слаба точка: тие сакаат да имаат убава куќа. Затоа, пари најчесто трошат на мебел, реновирање и проширување на домот. Како љубители на добра храна и естетика, тие исто така сакаат да инвестираат во деликатеси за непцето.
Близнаци – Близнаците, управувани од Меркур, планетата на пари и комуникација, сакаат да ги инвестираат своите профити и понекогаш да ризикуваат. Всушност, ретко ќе сретнете Близнак кој доколку има, не троши. Нивниот однос со парите е сè освен статичен: поттикнати од желбата да пробаат нови искуства, секогаш бараат новини, купуваат се што ги задоволува нивните апетити во моментот. Сепак, немојте да се лажете: дарежливи се, но не и глупави, па Близнаците знаат како да се заштитат од тоа да не бидат измамени кога парите се во прашање. Жените од знакот сакаат да купат облека и накит, мажите пак, сакаат да инвестираат во патување, книги, нови производи од технологијата. Нивната банкарска сметка? Не е секогаш стабилна.
Рак – Родените во овој знак имаат речиси креативна врска со парите. Раководени од Месечината, планетата на емоции, Раковите понекогаш трошат многу, а понекогаш тие се повеќе внимателни кон трошоците. Оние што живеат сами, обично не обрнуваат внимание на „табелата“ за финансирање: сакаат да инвестираат во искуства кои го активираат нивниот богат емотивен опсег, без да посветуваат премногу внимание на банкарската сметка. Односот со парите на оние кои се во брак е различен: Ракот знае да троши онолку колку што може за членовите на неговото семејство, но секогаш размислува за заштита на нивната иднина. Трошоците за домаќинството, трошоците за деца и убавина – се меѓу најголемите меѓу жените родени во овој знак. Мажите пак, инвестираат во купување на недвижности и во патувања. Понекогаш се случува, поради нивната емоционална природа, да се „зафркнат“ поради огромната дарежливот.
Лав – Како крал на Зодијакот, Лавот, доминиран од Сонцето, сака да вложи во својата појавност. Затоа тој не штеди кога е во прашање неговиот надворешен изглед. Тој е алтруист со благородна душа кој сака да им помага на другите, дури и економски да ги поддржува, сè додека тоа не влијае негативно на неговиот имиџ. Тој сака да блесне среде масата, за да се разликува од другите: оттука и неговата великодушна врска со парите. Мажите трошат многу за луксуз: сакаат јахти, автомобили, часовници и очила за сонце. Жените се „слаби“ на накит. Нивната банкарска сметка е многу нестабилна.
Девица – Родени во сезоната на жетвата, за време во кое сè е зачувано и ништо не е уништено, Девиците се меѓу најодлучителните администратори и економисти во Зодијакот. Тие добро ги знаат финансиските работи и, пред трошење, размислуваат за тоа, понекогаш на прилично опсесивен начин. Нивните трошоци, всушност, нивните инвестиции, се резултат на многу аргументи. Секој трошок за нив е внимателно пресметан. Жените се скромни и внимателни: купуваат само она што е корисно и го прават тоа речиси исклучиво за време на распродажба. Мажите, кои се рафинирани додворувачи, се великодушни во пар, но помалку галантни кон себе самите: тие ги купуваат само најважните работи, повеќето од нив инвестираат во акции, во култура или во книги.
Вага – Родените во овој знак, се родени во периодот на жетва, кога плодовите се зрели, па оттука и имаат со парите врска која обезбедува задоволства, уживање во плодовите на животот, но и желба да ја вкусат секоја префинетост. Сепак, Вагите не се едни од најопасните трошаџии во хороскопот. Љубители на двете – интелектуални и физички задоволства, Вагата е управувана од Венера, божицата на убавината и страста, затоа сака да си купи сè што има врска со суетата. Жените трошат лудо за естетски третмани и за брендирана облека, па дури и мажите Ваги се многу залудени: етеричен и рафиниран, сака да купи луксузна облека од познати дизајнери. Она што е заедничко за сите Ваги е желбата да им купат по нешто убаво и на другите, поточно на партнерот или на членовите од семејството.
Шкорпија – Предводени од Плутон и од Марс, родените во знакот на Шкорпија се љубители на инвестициите и коцкањето, особено ако парите се наследени од семејството. Како и со сè друго, од љубов до работа, од семејство до хоби, дури и со парите, Шкорпиите остваруваат длабока врска. Слободни и независни, Шкорпиите нерационално ги третираат своите стекнати пари, накусо – не знае да ги управува. Сепак, кога инвестираат во недвижности, одлично им оди: Шкорпијата го прави тоа со контрола и пресметка, со студенило и генијалност. Жените често трошат на фетиш и долна облека, како и на книги поврзани со сексуални прашања, додека мажите се непредвидливи: тие можат да потрошат сè или ништо, на сè или нешто!
Стрелец – Родените во овој знак, често не се многу внимателни во управувањето со финансиите. Парите им се лизгаат од рака, сакаат да трошат, да направат повеќе шопинг. Со парите, всушност, делуваат инстинктивно и страсно. Стрелецот има желба да поседува, да ги задоволи своите витални потреби, затоа не секогаш го контролира банкарскиот биланс. Понекогаш е во „црвено“, но благодарение на Јупитер, планетата на среќата, многу добро знае да ја преврти ситуацијата и веднаш да добие нови приходи. Жените инвестираат во патувања, читање, спорт; мажите од знакот го прават истото. Често можете да ги најдете на аеродромот, за да избегаат од рутината, тие се спремни да поторошат многу.
Јарец – Јарецот е најопасниот, најразумниот и најмудар администратор на финансии од Зодијакот. Сатурн, е многу строг кога се во прашање инвестициите. Оттука и родените во овој знак на зодијакот се многу внимателени со трошоците, а на непотребен шопинг речиси никогаш нема да ги видите. Секој негов потег е измерен и добро пресметан: ако Јарецот одлучи да купи нешто, причината е секогаш валидна и конкретна. Внимателно, Јарецот честопати размислува и за другите: ако неговите пријатели или членови на семејството претерано трошат, тука е, подготвен да ги предупреди. Мажите сакаат да купуваат работи кои имаат врска со кариерата: канцелариска опрема, деловни костуми и престижни часовници. Жените пак, купуваат само она што може да се нарече „голи основни потреби“.
Водолија – Овој Хороскопски знак, управуван од Уран, планета на неочекувани настани и промени, има прилично чудна и единствена врска со парите. Водолиите, всушност, често се со главата во облаците и не сметаат дека финансиската шема е многу важна. Тие сметаат дека е од суштинско значење да се биде среќен, а не богат: ако е вистина дека благодарение на нивната генијалност тие честопати пловат во безбедни води, подеднакво е точно и дека тие не обрнуваат многу внимание на банкарската сметка. Тие трошат на пријателите, со кои се великодушни; инвестираат во се што е природно и здраво; сакаат да купуваат производи за да го збогатат својот ум и сопствената култура. Но понекогаш Водолијата бара и заеми. Жените сакаат да купуваат еколошки производи; а мажите се луди за технологија.
Риби – Дванаесеттиот хороскопски знак може да биде многу внимателен во управувањето со финансии, но може да биде и безгрижен и невнимателен на трошоците. Нептун, планетарниот владетел на Рибите, всушност, е ѕвездата на имагинацијата, која може да стане вознемирена и доволно акутна за да ги натера Рибите да станат квалификувани инвеститори, со многу алчни заработувачки. Сепак, знаат да бидат дарежливи, и обично сакаат да ги споделат своите материјални средства со своите најблиски за кои се грижат и кон кои се несебични, особено кон најслабите. Рибите знаат да бидат и големи хуманитарци, па да ги донираат своите пари за важни општествени причини. Жените-Риби не се многу амбициозни кога е во прашање шопингот, повеќе сакаат да купуваат за своите пријатели и членовите на семејството; додека мажите се доста умерени во трошењето на непотребни работи.