3.8 C
Скопје
03:17 - 17 ноември, 2024

Хороскопските знаци и летните горештини: Кој ужива, а кој постојано се жали?

Некои хороскопски знаци ги обожаваат летото и сонцето, а некои од летните радости со задоволство би побегнале на студениот Северен пол. Проверете како секој хороскопски знак ги поднесува летните горештини.

Овен
Ако навреме не побегнат од сонцето, најпрво ќе „експлодира“ нивното трпение, а ако во нивната близина нема клима уред или вентилатор, тогаш најдобро е да ги оставите на мир додека жештината не се ублажи.

Бик
Биковите се вистински хедонисти и нема да дозволат жешкото лето да им стои на патот до уживањето. Можете да ги пронајдете во дебела сенка или во соба со клима уред како лежат на каучот пиејќи ја омилената ладна напивка пред телевизорот.

Близнаци

Не ги поднесуваат најдобро големите летни горештини. Никако не им се излегува во текот на денот, па ќе ги повикаат пријателите кај себе, но затоа пак вечерните часови и спуштањето на температурите ќе ги искористат за одење на некоја забава.

Рак
Сензибилниот Рак тешко се прилагодува на високите температури заради кои станува раздразлив и нерасположен. Без разлика дали се наоѓа на море, езеро или покрај река, важно му е само да биде со семејството или најдобрите пријатели.

Лав
Самоуверените Лавови добро ги поднесуваат горештините. Летото за Лавовите е добра прилика да го соблечат вишокот облека и да ги покажат своите атрибути со кои и тоа како се гордеат.

Девица
Во текот на летото Девиците најчесто ќе ги видите некаде во сенка, скриени под големиот шешир кој ги штити од сончевите зраци. Во тој момент најверојатно на себе ќе нанесуваат крема за сончање со фактор 50. Сончањето за нив е губење време и голема закана за нивното здравје.

Вага
Вагата ниту самата не може да одлучи дали го сака летото или не. Во еден момент ќе се жали на високите температури, а потоа воодушевено ќе признае дека летото е нејзиното омилено годишно време.

Скорпија
Скорпијата не сака директно сонце, но затоа ги сака летните ноќи кои издишуваат со сензуалност и таинственост. По природа Скорпиите се доста страсни, па за нив летото често е прилика за некоја авантура.

Стрелец

Едно е сигурно – Стрелецот нема премногу да се жали на горештините, дури и кога му пречат. Обожава да патува, па ќе ја пронајде идеалната дестинација во која на мир ќе се разлади.

Јарец
Се обидува да ги реши високите температури со темелно разладување. Кај него клима уредот е вклучен 24 часа на ден, а за секој случај работи и вентилаторот. Проблем се создава само кога ќе му пристигне сметката за струја.

Водолија
Ќе даде сѐ од себе за да им покаже на останатите зошто летото е најдоброто годишно време. На Водолиите летото им е идеална прилика за целосно уживање на отворено со пријателите. Море, базени, водени паркови… Водолијата е расположена за сѐ.

Риби
Нежните Риби не ги поднесуваат добро жешките денови. Целото лето со задоволство би го поминале затворени дома додека не поминат тропските бранови и конечно да пристигне есента.

Слични објави

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо

(Видео) Скандалозно однесување на Теа Таировиќ: Направи драма поради осветлувањето и ги шокираше присутните

Еспресо

(Видео) Се огласи сопругата на Милан Калиниќ по разводот: „Сè е џабе…“

Еспресо

Петар Грашо по раѓањето на синот: „Мојот тест Тончи никогаш во животот не сменил сијалица, а камоли пелена“

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ ја напушта Србија, пејачката му купила стан во Западен Холивуд

Еспресо
Се вчитува....