21.8 C
Скопје
12:09 - 29 март, 2024

Вашиот дневен хороскоп за 4 декември: Забавни сте и способни, а тоа се бара!

Unsplash

Овен
Фокусирани сте на обврските и со желбата за успех. Многу сте самоуверени и имате впечаток дека нема цел која не можете да ја постигнете. Емотивно сте заинтересирани, но и многу пасивни на тоа поле. Очекувате иницијатива од другата страна. На деловно поле, иако изгледа дека сте под нечија заштита, не е така. Забавни сте и способни, а тоа се бара.

Бик
Избегнувајте да се изолирате бидејќи љубовта може да демне зад аголот. Со надредената личност правите нови работни планови. Добар дел од одговорноста паѓа на вашиот грб. Поттикнувачки промени во вашето деловно опкружување. Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. Не ви одговара неговиот карактер.

Близнаци
Не сакате да се залажувате со лажна надеж, но работите не изгледаат розово со саканата личност. На деловно поле, важно е точно да ги одредите вашето место и улога во тимот на соработници. Ако сте слободни, би можеле да стапите во сериозна емоционална врска. Одличен момент да оставите добар прв впечаток на луѓето што ги запознавате.

Рак
Во можност сте да постигнете една важна амбиција, како и да склучите долгорочна зделка, што ќе ви донесе финансиска стабилност. Посебен успех можете да постигнете со инвестирање во областа на инженерството. Ако сте слободни, можно е неочекувано запознавање со личност со убави манири. Ќе ја постигнете посакуваната стабилност во односите со партнерот.

Лав
Денес ќе имате многу обврски пред вас и ќе се обидете некако да ги усогласите. Почетокот на денот можеби ви е потежок, но ритамот ќе го фатите многу брзо. Преку работата ќе ви се случи исклучително интересна комуникација со личност која е отворена, духовита и по ваш мерак. Зголемените трошоци можат да ве исфрлат од рамнотежа.

Девица
Фатете „низок старт“ од раните утрински часови и подгответе се за ден кој ќе биде полн со настани, но и со добро расположение и вистински мигови за да се покажете. Не седете, фатете се за работа, ќе направите три пати повеќе отколку што мислите дека можете. Сè ви се отвора денес со леснотија. Денес е одлично време за сè што сте планирале.

Вага
Ако сте во врска или брак, ќе ви одговара да поминувате време со саканата личност и да отпатувате некаде. Ќе бидете многу задоволни со своите успеси и секако ќе се фалите пред луѓето, па ќе има многу кои ќе ви бидат љубоморни. За доброто и среќата во домаќинството, важно е да се одржи добра рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот.

Скорпија
Свесни сте и самите дека денес извршувањето на деловните обврски оди полесно и без одложувања и застој. Едноставно ќе можете да имате повеќе време и да направите нешто што е лично за вас. Исто така – фокусирајте се на контактот со саканата личност – другата страна одвај ја чека вашата иницијатива. Ќе имате одлична комуникација и заеднички планови.

Јарец
Почекајте малку некој официјално да ја соопшти својата одлука за соработка. Изненадувањата се можни во двата правци. Помеѓу вас и партнерот повремено се појавува заедничка недоверба и некои нови отворени прашања. Не дозволувајте мрачното расположение да ви ги расипе моментите кога можете да се истакнете на работа.

Стрелец
Вашиот моментален фокус во животот е целосно да се посветите на здравјето и да останете во добра физичка состојба. На деловно поле, можеби ќе бидете ставени на тест каде ќе мора да покажете цврстина и решителност. Планирате со партнерот некое кратко патување. Притоа ќе извојувате две победи – и на професионално и на емотивно поле.

Водолија
Окупирани сте со прашања кои се однесуваат на вашата репутација и веројатно ќе имате прилика да разговарате со оние кои можат да ви помогнат да ја постигнете посакуваната цел. Имате потреба да се вратите на голема врата во некоја работа кога би имале почести контакти со лицата на високо ниво или со странци. Се наоѓате на раскрсница.

Риби
Не лелекајте, не спијте на работа и не размислувајте премногу. Денот што е пред вас, мора да го искористите и да бидете во движење, бидејќи ве очекуваат одлични деловни моменти. Темпото на работа ќе биде побрзо. Време е и за посериозна комуникација со саканата личност, барем во текот на овој ден, сè што е помеѓу вас двајца ќе биде како што треба.

Слични објави

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо
Се вчитува....