6.8 C
Скопје
10:08 - 27 декември, 2024

Вашиот дневен хороскоп за 19 ноември: Некој се обидува да влијае на вас на помалку манипулативен начин

Овен
Очигледно е – само што сте решиле еден проблем, друг веднаш доаѓа како следен приоритет. Денес, постојат големи тензии во комуникацијата со другите, најмногу поради недоразбирањето. Немојте да споделувате некои важни информации со други, ниту пак, вашите тајни. Покажете малку повеќе разбирање во односот со саканата личност.

Бик
Напред-назад повторно се случува во деловниот сегмент, но вие веќе сте научиле како да се справите со ова. Обидете се да разберете на вистински начин што некој се обидува да ви објасни, ова може само да ви помогне. Не се сомневајте во чувствата на личноста која е покрај вас, можеби не умее да се изрази со зборови, но има силни чувства кон вас.

Близнаци
Некој се обидува да влијае на вас на помалку манипулативен начин. Вие сте донекаде свесни за ова, но сепак, сте подготвени да ѝ излезете во пресрет на оваа личност. Бидете внимателни да не си наштетите себеси. Вашето внимание денес во емотивниот сегмент може да биде насочено кон неколку страни. Заинтересирани сте за флерт и слатки игри.

Рак
Од рано наутро, некој ќе влијае врз вашето расположение. Не можете да разберете како луѓето можат толку лесно да се однесуваат кон она што им е обврска и должност. Односот со колегите е напнат. Не гледајте ги другите, посветете си се себеси. Нема причина да стравувате дали саканата личност е во добро расположение кон вас. Сè е во ред.

Лав
Еден член на вашето семејство денес од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Денес ќе блескате и ќе зрачите со чувства, добрина, емпатија. Многумина безрезервно ќе си ја отворат душата пред вас. Вие со задоволство ќе ги сослушате.

Девица
Немојте да дозволите другите да влијаат на вашето мислење за некое прашање. Не потпаѓајте под влијание на другите, имате своја глава, затоа размислувајте и сами донесувајте заклучоци. При средбата со личноста којашто ви се допаѓа, ќе се трудите да не покажете заинтересираност и на тој начин само ќе ги одложувате конкретните случувања.

Вага
Разработувате тајни планови со странците. Планирате се да обелодените кога ќе постигнете конкретна соработка со нив. Не сте задоволни од врската и сметате дека е време да се прекине. Вие навистина правите големи напори за да остварите комуникација со саканата личност, но безуспешно.

Скорпија
Ќе ви биде тешко да го сочувате својот мир и рамнотежата денес, бидејќи ви пречи однесувањето на другите, но и нивните постојани забелешки и поплаки. Обидете се да се фокусирате повеќе на она што ви е приоритет. Чувствувате недоверба кон саканата личност заради некои нејзини изјави. Не иницирајте дискусии, расправии, тешки зборови и атмосфера.

Стрелец
Трудот кој ќе го вложите нема да биде залуден. Побарајте поддршка помеѓу најблиските. Делегирајте ги помалите обврски на оние под вас. На љубовно поле ќе се навратите на минатото. Извлечете ги поуките наместо да се задржувате таму. Ќе ги покажете и најскриените чувства. На професионално поле следете ја логиката, не потпаѓајте под влијание.

Јарец
Потребна ќе ви биде целата ваша концентрација во текот на денот, бидејќи многу нешта не се на ваша страна. Внимавајте, можно е да направите и некои крупни грешки. Не ве инспирира повеќе некој конкретен напредок во комуникацијата со личноста што ви се допаѓа и очекувате таа да се ангажира повеќе. Веќе ви здодеа вие да трчате по неа.

Водолија
Тешко е да процените дали личноста со која комуницирате денес е искрена или манипулативна. Ќе бидете многу внимателни и нема да сакате да бидете поконкретни кон неа. Денес имате двојни стандарди – флертувате со некого, но истовремено се нервирате што партнерот не ви обрнува внимание. И вие веќе го изгубивте компасот во љубовта.

Риби
Денес ќе мора да се прилагодите на другите, колку и да ви изгледа тоа тешко. Не можете сами да завршите една работа и неопходни ви се колегите или соработниците да бидат покрај вас. Од друга страна, вие не го одобрувате начинот на кој тие пристапуваат кон проблемот. Не вреди, тука ќе мора да се пронајде компромисно решение.

Слични објави

(Фото+видео) Едвај ги задржа солзите: Јелена Розга го одржа првиот концерт од седумте закажани во Белград

Еспресо

(Видео) Метју Меконахи го прослави Божиќ во дуксер со српско знаме: Воодушевените обожаватели веднаш го забележаа ова

Еспресо

Хороскоп за 27 декември: Раковите ќе бидат љубоморни, Овните ќе се сомневаат во партнерот

Еспресо

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо
Се вчитува....