19:22 - 1 август, 2026

Три хороскопски знаци ќе го најдат клучот на богатството: Еве кои среќници наскоро ќе се опарат

Астролозите именуваа три знаци на Зодијакот, чии претставници ќе можат да постигнат успех во финансиската сфера до крајот на тековната недела, поточно до 29 октомври.

Кој ќе има среќа со парите, прочитајте во продолжение.

Овен

За претставниците на знакот Овен, многу е важно во овој период да посветат внимание на квалитетниот сон и здравиот начин на живот. Тогаш тие ќе можат да ја одржат многу потребната психолошка стабилност во успешното искачување на скалилата во кариерата кое е пред нив! Ќе можат не само да ги надминат финансиските и работните тешкотии без многу труд, туку и да најдат нови извори на приходи. Малку ќе се помачат зашто парите нема да им паднат од „ведро небо“, но сепак – ќе ги добијат во изобилство.

Близнаци

Близнаците до крајот на неделата ќе имаат можност да воспостават корисни деловни врски, па затоа треба да бидат свесни за важноста на деловната комуникација. Токму преку социјалните контакти ќе можат да најдат поповолни услови за себе и да добијат вредни совети кои многу ќе им користат во иднина. Меѓу новите познаници многу е веројатно да запознаат влијателна личност која ќе им помогне да достигнат ново ниво во професионалната сфера, а со тоа и значително да ги зголемат приходите.

Рак

Конфигурацијата на планетите ќе им обезбеди на многу претставници на знакот Рак можност да истражуваат во нови деловни сфери, но и да променат работа и да постигнат голем успех. Некои Ракови може да добијат понуда за работа во друга фирма со поголема плата, а некои пак, имаат можност да ја променат и професијата за подобри финансиски услови. Не плашете се од промени дури и да се драстични. Ѕвездите ветуваат дека се ќе ви успее!

Време е за промени: На четири хороскопски знаци вториот дел од есента ќе им донесе неочекувани прсврти

Слични објави

Реља Поповиќ првпат отворено за татковството: „Со Николија потекнуваме од дисфункционални семејства, не смеам да потфрлам како татко“

Еспресо

Аѓелка Прпиќ објави неочекувано видео од летувањето, многу жени веднаш се препознаа

Е.А.

Се огласија организаторите на концертот на Дино Мерлин во Сараево: Еве зошто настанал хаос

Еспресо

(Видео) Каспер сподели приватни снимки со Мина Костиќ, еве како ги поминуваат заедничките моменти по тешкиот период

Еспресо

Тој тврдеше дека ја фатил во неверство, таа велеше дека се оддал на пороци — приказната за разводот на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ

Еспресо

Детален љубовен хороскоп за август: Стрелците ќе избираат меѓу две опции, Вагите ќе бидат посакувани

Т.Ц.
Се вчитува....