6.8 C
Скопје
13:37 - 29 декември, 2025

СТИСНЕТЕ ЗАБИ: Овие хороскопските знаци ќе бидат под стрес на семејните празнични собири

божиќ празници

Ретко кој не го поминува овој дел од годината со семејството. Празниците се ретка прилика во која се спојуваат сите членови и во таа атмосфера, различностите знаат да излезат на површина и да предизвикаат конфликти. На овие хороскопски знаци ќе им биде малку потешко да останат мирни, од другите.

Водолија

Имавте многу обврски годинава и за време на празниците може да се чувствувате исцрпени. Исто така, голема е веројатноста дека финансиските средства ви се при крај и се прашувате како ќе ги финансирате подароците за вашите најблиски и новогодишната ноќ. Обидете се да балансирате – изберете ситници за блиските луѓе, кои иако материјално помалку вредни, се подарени од срце.

ИДЕИ ЗА ПРАЗНИЧНИ ПОДАРОЦИ ЗА ДАМИ: На какви подароци се „слаби“ хороскопските знаци?

Бик

Ќе имате потреба да разговарате за време на празниците бидејќи Уран, планетата на непредвидливоста, оваа година помина многу време во вашиот знак. На големи семејни собири, сакате да се расправате со другите, да ги убедите во вашето мислење, категорично отфрлајќи ги нивните ставови. Совет е да се опуштите, да уживате во времето поминато со саканите и повеќе да ги слушате другите, наместо да се расправате.

Вага

Се забавувавте многу во 2021 година, но празниците можат да ви предизвикаат некаква вознемиреност. Ако си одите дома за празниците, може да се чувствувате како постојано нешто да ви недостасува, без разлика дали се работи за забави со пријателите, забавите во градот, патувањата. Обидете се да се фокусирате на сегашниот момент, да бидете присутни таму каде што сте. Искористете го времето што го имате со вашите најблиски, квалитетно.

СО ЈУПИТЕР СЕ СЛУЧУВААТ ЧУДА: Од 28 декември овие хороскопски знаци ќе доживеат животна експанзија

Стрелец

За време на празниците односите со браќата и сестрите или роднините ќе бидат напнати. Особено ако не се согласувате за животни гледишта. Може да дојде до отворен конфликт и провокации. Затоа, придржувајте се до неутралните теми на семејните собири за кои секој може да разговара. Ако ве критикуваат, не влегувајте во дискусии, климајте со главата дури и ако мислите дека грешат.

Девица

Загрижени сте за тоа што сте постигнале (или не) оваа година. Можно е да се чувствувате под притисок да споделите новости за вашиот живот на семејните собири. Може да настане проблем доколку не сте го постигнале она што сте го очекувале од вас и да ви предизвика лоши чувства. Но запомнете, не треба да ги исполнувате очекувањата на другите. Оние кои ве сакаат треба да ве сакаат и ценат заради вашите квалитети, а не заради вашиот успех.

ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ ПОВЕЌЕ САКААТ ДА БИДАТ СЛОБОДНИ ОТКОЛКУ ВО ВРСКА: Еве зошто

Слични објави

Гладував 14 дена: Искрена исповед на Перо Камиказа

msp-admin

Вики Миљковиќ гради црква во родното село на татко ѝ, соседија открија сѐ: „Даде голем прилог“

Еспресо

(Фото) Каролина сподели семејна приказна од Битола, има посебен повод за славење

msp-admin

Романтика на скијачките патеки – Игор Којиќ ја однесе својата нова девојка на зимување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Дракче и Орце Стевковски со посебна приказна за родителите

msp-admin

Александра Пријовиќ за ромското потекло: „Јас не кријам ништо и не се срамам“

Еспресо
Се вчитува....