7.8 C
Скопје
14:29 - 22 декември, 2024

Што најмногу мразат хороскопските знаци? На Близнаците не им кажувајте како да возат, а со Вагите не влегувајте во расправија

Секој човек има некоја слабост, а одредени слабости можат да се поврзат и со хороскопскиот знак. Во продолжение погледнете кои се слабите точки на секој хороскопски знак.

Овен
Овните не сакаат кога им се наредува. Ретки се Овните кои ги сакаат своите шефови. Исто така припадниците на овој знак не сакаат да им зборувате за нивните мани.

Бик
Биковите не сакаат кога некој ги вознемирува додека се одмораат, ручаат, а најмногу им пречи кога им ги допирате лични работи. Ако ги прекинете во одмор или ручек, тие ќе станат многу нервозни, и тогаш е најдобро што побрзо да се оддалечите од нив.

Близнаци
Близнаците можат брзо и лесно да се навредат ако им кажете да замолчат, дека тоа што го прават не чини или ако им кажете дека се здодевни. Поради тоа можат и да престанат да комуницираат со вас. Близнаците не сакаат да им кажувате како да возат.

Рак
Раковите е најлесно да ги изнервирате така што ќе им наметнете работа која нема врска со домот, луѓето или фамилијата. Едноставно не сакаат кога нешто мора да направат сами, без друштво. Ако пробате да им ја промените навиката, ќе наидете на голем отпор.

Лав
Лавовите најмногу мразат кога им се наредува. Не сакаат да зборуваат за своите финансии, затоа избегнувајте да ги распрашувате за тоа. Не поднесуваат луѓе кои се фалат и кои се прават важни во друштво. Исто така избегнувајте да ги будите, освен ако немате навистина добра причина за тоа.

Девица
На Девиците никако не им го критикувајте стилот на облекување, како и нивниот распоред на мебел во куќата. Ако го направите тоа, Девиците ќе станат многу осетливи. И не пробувајте да им наредите каде мора да одат – најдобро е тоа сами да ви го кажат.

Вага
Немојте никако да ја наговарате Вагата да ви го каже своето мислење, таа ќе ви го каже сама кога ќе мисли дека е вистинско време. Вагите не поднесуваат караници, па ако се обидете да се расправате со нив, едноставно ќе ве игнорираат или ќе отидат на друго место.

Скорпија
Ако инсистирате да им наредувате на Скорпиите, тие едноставно нема да ве послушаат, а може да се случи и да го направат баш спротивното. Ако ја повредите Скорпијата треба да знаете дека тешко простува и никогаш не заборава.

Стрелец
Стрелците едноставно не сакаат обврски. Сами ќе направат нешто кога ќе им се прави, а ако ги терате, само ќе ја влошите ситуацијата. Не сакаат да го поминат своето време во затворена просторија и најдобро се чувствуваат во природа. Исто така не сакаат тивки личности.

Јарец
Јарците тешко ја поднесуваат туѓата несериозност, бидејќи ретки се ситуациите кога тие самите се несериозни. Не сакаат кога ги брзате, од една едноставна причина: тие секогаш доцнат. Затоа и не сакаат состаноци кои се закажани во точно одредено време.

Водолија
Водолиите не сакаат бавни луѓе кои ги одолговлекуваат своите обврски. Кај Водолиите сè мора да биде завршено веднаш, бидејќи едноставно не можат да бидат мирни ако имаат незавршена обврска. Тие сметаат дека живот без стрес и брзање не е живот. Единствено се плашат да останат сами, затоа мора да имаат пријатели околу нив.

Риби
Рибите тешко поднесуваат кога некој ги игнорира. Не можат да поднесат и кога помагаат некому, а таа личност не знае да ја цени нивната помош. Рибите не можат да функционираат ако немаат некоја цел или мисија. Најдобро е да не им пречите додека нешто работат, бидејќи тоа може лесно да ги изнервира.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....