3.8 C
Скопје
23:00 - 26 октомври, 2026

Џејсон Статам и манекенката Рози добија ќеркичка

Рози Хантингтон-Вајтли, 34-годишната партнерка на 54-годишниот холивудски глумец Џејсон Статам роди девојче, изјави близок член на семејството за Дејли Мејл.

Среќната вест дека очекуваат принова манекенката ја објави на Инстаграм во август. Таа потоа објави фотографија на која се гледа нејзиниот труднички стомак.

Instagram

Во 2018 година, манекенката призна дека не им се брза со бракот и дека „тоа не им е приоритет“.

– Се радуваме на тоа време. Но исто така не ни е голем приоритет; ние сме толку среќни. Мислам дека ќе биде забавно да се направи тоа кога бебето малку ќе порасне и ќе може да се вклучи во свадбата – изјави манекенката која потоа.

Минатата година Рози рече дека таа и Џејсон би сакале да имаат повеќе деца и дека нивната 20-годишна разлика во годините не е проблем.

-Не! Никогаш не беше проблем! Годините не се ништо друго освен бројка!- изјави манекенката.

Рози и Џејсон се запознале на забава во Лондон во 2009 година, каде што се заљубиле на прв поглед. Потоа официјално стапија во врска во 2010 година, а се верија во 2016 година. Тие се веќе родители на четиригодишниот син на кој му посакаа добредојде една година по свршувачката.

Instagram

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....