14:16 - 13 ноември, 2026

Ретроградниот Меркур ќе „позлати“ три хороскопски знаци во април

Во април 2023 година, планетата Меркур три недели ќе влезе во фаза на ретроградно движење, што негативно ќе се одрази на сите знаци на Зодијакот.

Речиси на сите знаци ретроградниот Меркур ќе им донесе проблеми, но има и такви на кои ќе им донесе радости.

Сега ќе зборуваме за оние кои – благодарение на ретроградниот Меркур – ќе добијат можност да капат во пари.

Бик

На Биковите ќе им бидат исплатени пари кои ќе решат да ги потрошат на сопствено задоволство и забава. Оваа исплата може да биде некаква социјална, или долгот ќе му биде вратен на Бикот или пак ќе пристигне некоја задоцнетата (ис)плата.

Ѕвездите велат дека во периодот на ретрограден Меркур често се јавува желба за импулсивни, непотребни купувања, па астролозите ве советуваат добро да размислите за секоја ваша инвестиција.

Лав

Лавовите треба да се подготват за радост – ќе им биде даден некаков вреден подарок. Тоа може да биде брендиран накит, нов паметен телефон, таблет или брендиран часовник. Покрај тоа, претставниците на овој знак може да добијат и зголемување на платата во април. Веста за ова ќе дојде токму во деновите на почетокот на ретроградниот Меркур.

Астролозите немаат резерва за Лавовите, бидејќи ништо не им се заканува ним и на нивната финансиска состојба во следниот месец.

Риби

Рибите ќе имаат среќа, бидејќи во периодот на ретрограден Меркур ќе можат да продадат нешто многу профитабилно. Тоа може да биде продажба на недвижен имот, транспортно средство или некоја вредна работа која долго време собира прашина.

Астролозите предупредуваат дека профитабилно може да се продава меѓу 21 април и 15 мај, но не и да се купува. Сите купувања направени на овие датуми ќе пропаднат или ќе предизвикаат проблеми.

Нови можности: Пред три хороскопски знаци наскоро ќе се отворат нови врати

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....