9.8 C
Скопје
13:26 - 18 февруари, 2026

На тежок тест: Три хороскопски знаци ќе бидат најпогодени од магнетната бура овие денови

Четиридневната магнетна бура која започна вчера, на 23 мај, а ќе трае до 26 мај, ќе биде тежок тест за некои знаци од Зодијакот.

Покрај тоа што на многу луѓе ќе им донесе мигрена и лошо расположение, некои ќе се соочат со големи проблеми.

Кои хороскопски знаци треба да се подготват за неволја, прочитајте во продолжение.

Близнаци

За Близнаците оваа магнетна бура, ќе изгледа како вистинска тортура. Овие денови можете многу да се налутите и да им врескате на луѓето, ќе бидете на работ на нервен слом. Ова само ќе доведе до факт дека дури и најблиските пријатели можат да почнат да се однесуваат многу лошо со вас.

Обидете се да ги совладате вашите емоции. Не се расправајте за ситници и обидете се да ја докажете својата супериорност без викање. Во овој период многу луѓе ќе бидат нерасположени и затоа мора да разберете дека секоја провокација ќе доведе до грандиозен скандал.

Девица

Девиците за време на магнетна бура треба максимално да внимаваат на своето здравје. Можеби треба да земете боледување и да „легнете“ дома, за да се заштитите од многу проблеми. Во среда треба да се биде особено внимателен, бидејќи врвот на сончевата активност ќе падне токму на 24-ти.

На овој ден, може да се чувствувате многу слаби, без грам енергија. Не ги игнорирајте сигналите на вашето тело. Дефинитивно треба да се одморите, а доколку има премногу „алармни“ знаци, закажете преглед кај лекар.

Водолија

Магнетната бура може да ја одземе последната вера во чудо за Водолиите. Следните денови ќе бидат прилично тешки за претставниците на овој хороскопски знак, ќе мора да ги трпат загубите и проблемите. Може дури и да изгубите пари во овој период.

Водолиите треба да се откажат од важни одлуки. Обидете се да не ветувате никому ништо и да не преговарате со некого за сериозни прашања. Подобро одморете се и одалечете се од сеојдневните обврски, па маката ќе помине и нема да донесе тага.

Профит на крајот на мај: Три хороскопски знаци добро ќе се „опарат“

Слични објави

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо
Се вчитува....