19:16 - 25 декември, 2025

Мала астро школа: Колку сме оригинални и слободни?

„Имам Уран во знакот на Јарец, што значи тоа?“, или „Имам Уран во знакот на Риби, какво значење има тогаш?“. Поставеноста на Уран во нашата натална карта, заедно со другите фактори, како што се асцедентот и положбата на планетите во 12-те куќи, ќе ни овозможи подобро да го дефинираме нашиот карактер или карактерот на личноста за која ја правиме наталната карта.

Планетата Уран се спротиставува на воздрженоста и строгите правила на Сатурн. Преку оваа планета во наталната карта ги гледаме промените кои ни се случуваат и кршењето на правилата, како и непредвидливите случувања.

Што значи да имате Уран во Овен: Имате голем порив за иновации. Личност со брилијантни идеи кои можат одеднаш да „светнат“.

Уран во Бик: Не ви се допаѓаат ненадејни промени, ниту пресврти во животот, но сепак, со ваква поставеност на Уран тие можат да се случат одеднаш.

Уран во Близнаци: Можете да имате многу идеи, но повеќето од нив ќе бидат површни. Многу ненадејни промени во вашиот живот ќе се случуваат и голем дел од нив не се многу поволни.

Уран во Рак: Ваквата поставеност на Уран не е добра и открива личност која не сака да се развива. Намерно не сакате да видите што се случува во вашиот живот за да преземете билокаква промена.

Уран во Лав: Предодредени сте да менувате работни места, но секогаш ќе бидете во центарот на вниманието. Знаете како да го добиете она што ви допаѓа.

Уран во Девица: Благодарение на вашите критички таленти и вашиот прагматизам можете лесно да се соочите со секој предизвик. Ниедна промена не може да ве исплаши во животот.

Уран во Вага: Кај вас често ќе се случуваат промени, но сепак, тие се однапред добро пресметани. Треба да бидете подготвени да ги прифатите новите технологии пред кои „замижувате“.

Уран во Шкорпија: Со ваква поставеност Уран ви дава квалитети на пронаоѓач и лесно можете да плените толпа луѓе. Може да станете одличен научник, но и одличен психоаналитичар кој „гледа“ далеку пред времето.

Уран во Стрелец: Вашиот талент за иновации може најдобро да го искажете во странство. Големи и ненадејни промени може да ви се случат само во земји кои се далеку од вашата родна земја.

Уран во Јарец:  Брилијантни идеи може да имате во однос на современите техники. Оваа поставеност дава одлични инженери.

Уран во Водолија: Ваквата поставеност дава пронаоѓачи, компјутерски програмери, одлични пилоти… Личност сте која многу ги сака новите технологии и напредокот.

Уран во Риби:  Ако нешто навистина треба да се смени во вашиот живот, не сакате тоа да се случи одеднаш. За жал, Уран со ваква поставеност често нагло ги менува работите, па постојано се чувствувате неснајдени во промената.

Слични објави

Хороскоп за 25 декември: Јарците ги очекува успех на работното место, Водолиите ќе имаат различни интереси со партнерот

Еспресо

Хороскоп за 24 декември: Раковите ќе имаат поучно искуство на работа, Девиците ќе уживаат во прошетка во природа

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Девиците ќе избегнуваат провокации, Стрелците ќе се посветат на саканата личност

Еспресо

Дневен хороскоп за 22 декември: Внимавајте на импулсивните одлуки

apostolova

Дневен хороскоп за 21 декември: Ослободете се од стресот

apostolova

Дневен хороскоп за 20 декември: Искористете ја вашата енергија за да донесете важни одлуки

apostolova
Се вчитува....