13.8 C
Скопје
14:11 - 22 ноември, 2024

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 2022 ЗА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Планетата на среќата некого ќе гушне најсилно, а планетата на љубовта ќе знае понекого и да казни!

Иако 2022 година е година обележана од ретроградната Венера и Марс, што може да донесе предизвици за врските, огромна помош и задовлство се очекува од преминот на Јупитер во Риби.

Ако вашиот љубовен живот не беше премногу возбудлив во изминатите неколку години, можете да му се лутите на Јупитер за тоа. Имено, Јупитер бил малку навреден од својата сопствена среќа додека во 2020 година бил во знакот на конзервативниот Јарец, што не е баш најдоброто место за него. Влегувањето на Јупитер во Риби, знакот со кој владее, навистина ќе им помогне на сите! Ќе го почувствуваме како џиновска групна прегратка за секого и сите ќе се чувствуваме како да се поврзуваме на подлабоко ниво.

АСТРО-СРЕЌА: Откријте кој е Вашиот најсреќен ден во 2022 година според Вашиот хороскопски знак!

Еве го љубовниот хороскоп за 2022 година за секој хороскопски знак.

Овен

Од мај до октомври ќе биде вашиот најсладок период за љубов. Тоа е затоа што господарот на среќата Јупитер ќе го фаворизира вашиот знак истакнувајќи ги вашите релации и врски со другите. Дополнително, ќе зрачите со неверојатен шарм, па самопочитта и спокојството ќе се зајакнат овие месеци. Ќе се чувствувате благословени и вашата самодоверба ќе биде висока, па има добри шанси да имате жешко лето полно со романса во 2022 година.

Бик

Непредвидливот Уран во 2022  година ќе донесе интересна енергија за Биковите. Токму оваа енергија ќе ве направи поинакви и во очите на другите. Оттука ќе се создадат бројни можности за нови љубовни состаноци и тоа со партнери кои воопшто не се ваш тип, барем не биле до сега. На пример, ако сте склони кон атлетски типови, многу лесно ќе се вљубите во некој љубител на џезот или музичар…Енергијата на Уран сака да се спротивстави на правилата и нормите и ќе ве натера да  избегате од вашата зона на удобност и сигурност.

Близнаци

Направете го она што треба да го направите во однос на љубовта и состаноците на почетокот на годината, бидејќи последниот квартал од годината може да биде многу предизвикувачки. Воинствениот Марс ќе тргне ретроградно во вашиот знак на 30 октомври, а ретроградбите движења на Марс се поврзани со спречен проток на енергија во односите, така што работите може да се забават кон крајот на годината или воопшто да не се исполнат. Затоа искористете ги зимскте и пролетните месеци ако сакате да започнете врска или да си ја стабилизирате веќе постоечката.

Рак

Раковите сакаат да си бидат дома, но ако барате љубов, бидете отворени за можностите да избегате од дома. Бидејќи Јупитер во Риби најсилно делува во вашиот сектор на патувања, во поголемиот дел од годината, резервирајте патување за да најдете среќа во љубовта!, советуваат астролозите. Размислете да заминете далеку, на океан, бидејќи така енергијата на Рибите че биде најнагласена.

ШТО ЗНАЧАТ ТРИТЕ ДВОЈКИ ВО 2022 ГОДИНА? Низата 2-2-2 ќе им ја промени судбината на луѓето

Лав

Во 2022 година, осамените Лавови ќе бидат подготвени да најдат некој со кој ќе запливаат во мирни води. Ако сте во врска, ќе сакате да ги подигнете нештата на следно ниво. Љубовта добива посериозен тон за вас во 2022 година поради Сатурн, планетата на напорна работа и дисциплина, која се дружи со вас во зоната на вашата врска. Ќе гравитирате кон партнерите и луѓето кои ве ставаат вас или врската на прво место. Ова може да биде и година кога работите се формализираат: бракови, вселување, веридби и слично. Сатурн сака формалности, договори, структура.

Девица

Имате среќа, Девици! Вашиот знак има еден од најдобрите погледи на љубовта во 2022 година, бидејќи Јупитер, планетата на среќата и проширувањето, ќе се дружи во зоната на вашите врски. Очекувајте повеќе да се поврзете со саканите или да внесете нови сакани луѓе во вашето уредно срце. Експанзивниот Јупитер ќе бара да го збогати вашиот љубовен живот со нови бои и романса.

Вага

Вагите сакаат да бидат заљубени повеќе од било што друго, а 2022 година изгледа добра за посветеност. Сериозниот Сатурн ќе му помага на вашето Сонце цела година. Сатурн сака долговечност, така што ќе размислувате повеќе долгорочно. Прстените на Сатурн можеби се еднакви на венчалните прстени. Љубовта ќе ја чувствувате насекаде околу вас особено на почетокот на март, па ако сте слободни – имате одлични можности за нова врска. Ако сте во врска, очекувајте многу љубов и наклонетост од партнерот.

Шкорпија

Шкорпиите имаат тенденција да ги сфаќаат состаноците и врските навистина многу сериозно. Иако тоа значајно нема да се промени во 2022, сепак, ќе бидете отворени за многу повеќе забава во 2022 година. Не само што затемнувањата паѓаат во вашиот знак оваа година (а затемнувањата секогаш внесуваат нова енергија), туку и Јупитер, планетата на среќата и проширувањето, транзитира во вашата куќа на романтика. 2022 ќе биде одлична година за да се забавувате повеќе. Можеби ќе сретнете некој кој ќе ви открие ваша скриена, но поинаква страна, онаа која навистина многу ќе ви се допадне.

НАЈСРЕЌНИ ДАТУМИ ЗА СВАДБА ВО 2022: Резервирајте си навреме за вечна љубов според нумеролозите и астролозите!

Стрелец

Кога вашата владејачка планета Јупитер има добра година, сигурно е дека ќе имате и вие добра година. Всушност, Јупитер ќе ви помогне многу во 2022 година. Јупитер сака да го прошири вашиот свет, особено вашиот домашен сектор. Затоа, многу Стрелци ќе се преселат кај својот партнер/ка или ќе ги подигнат работите во врската на следно ниво.

Јарец

Венера ќе се дружи со вас особено во првиот квартал од годината и тогаш  можете да очекувате среќен период за се што е поврзано со љубовта и чувствата. Сепак, самиот почеток на годината најверојатно повеќе ќе го минете наместо во гледање нанапред, во гледање наназад, бидејќи Венера ќе биде ретроградна за кратко време, но планетата на љубовта ќе тргне со директно одење на 28 јануари. Од крајот на јануари до почетокот на март, може да се сретнете со некој посебен ако сте сингл или да се подлабоко да се поврзете со вашиот партнер/ка ако сте во врска.

Водолија

Сатурн ќе биде во вашиот знак што може да направи љубовта да ја чувствувате малку порестриктивно. Ако барате врска, може да откриете дека не ги запознавате вистинските луѓе. Ако веќе сте во воспоставена врска,  може да се чувствувате како вашата врска да не оди никаде. Но наместо да вршите притисок за какви било големи промени, астролозите предлагаат да застанете и да ги разгледате вашите долгорочни емотивни планови. Ова не е година за решавање – туку 2022 е година за поставување цели. Сатурн сака добра стратегија.

Риби

Во 2022 година, Рибите ќе имаат многу среќа во сите работи што се драги на срцето, секако – љубовта! Голем романтичен потенцијал е на хоризонтот за вас, со вашата владејачка планета, Јупитер, во вашиот знак во поголемиот дел од годината. Ќе биде најдобро време за воспоставување длабоки врски со нови луѓе; не е година за „плитки води“. Ќе копате малку подлабоко за да најдете врска што ќе трае. За Рибите, 2022 година е предодредена да се најде вистинската работа, вистинската личност, вистинската среќа. Со тоа што Јупитер ви дава рака за помош, има добри шанси тоа да се случи!

БЛАГОСЛОВЕНИ: Овие хороскопски знаци ќе бидат најголеми среќници во 2022 година!

Слични објави

(Видео) Куќната помошничка направила хаос кај Лепа Брена: Влетала на славата, паднала во транс и танцувала во влечки

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го покажа своето „вистинско лице“: Пејачката објави слика без грам шминка!

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ лудуваше на концерт на Јелена Карлеуша: Не ѝ е грижа што пејачката го понижи татко ѝ!

Еспресо

(Фото) Нема да ја препознаете: Беше проблематична тинејџерска ѕвезда, а сега е дама со префинет стил!

Еспресо

(Фото) Кај Брена гостите до зори го славеле Свети Архангел! Снаата Александра Пријовиќ ги кренала гостите на нозе

Еспресо

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо
Се вчитува....