3.8 C
Скопје
06:10 - 21 декември, 2024

ЉУБОВЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП 2022: Еве ги сите прогнози за хороскопските знаци, многу ретка година!

Се ближи новата година, што ни подготвува 2022?

2022 година е година на повторно раѓање, а желбата што го обединува целиот Зодијак е да сакаме да ги постигнеме поставените цели. Планетата на среќата Јупитер, која во текот на дванаесет месеци може да транзитира низ два знака: Риби и Овен, ним најмногу ќе им подаде рака.

Од астрална гледна точка ова е прилично ретка индикација, поради што ни претстои исклучително интересна сончева година од сите погледи. На 30 декември 2021 година Јупитер по дванаесет години ќе го допре знакот Риби, а од тоа ќе имаат корист сите водни знаци: Рак, Скорпија и Риби. На 11 мај 2022 година, пак, Јупитер ќе премине во знакот Овен и во неговите благодети ќе уживаатогнените знаци: Овен, Лав и Стрелец.

ОВЕН

Конечно важна година за економски, професионален и личен успех. На полето на професијата ќе доживеете моменти на слава, а економијата ќе ви донесе многу задоволство. Не е исклучена промена на работното место помеѓу јуни и јули, а ќе има и можности за нов дом или промена на живеалиштето. Од љубов!

Благодарение на Јупитер поголем број парови конечно ќе најдат стабилност и мир, осамените би можеле да го исполнат сонот за љубов, а оние кои се веќе во врска – нека си очекуваат заеднички живот или доаѓањето на дете!

Вашите бројни соништа навистина ќе можат да се остварат со текот на годината. Бидете трпеливи,  небото работи во ваша полза, и среќата ќе остане покрај вас.

Март и април се најважни месеци за љубовни одлуки, август и декември – најконкретни за – од акција во дело.

БИК

Уран секогаш ги води вашите избори и ќе остане покрај вас и оваа година, правејќи ги сите работи малку нестабилни и помалку конкретни. Во реалноста, нестабилноста може да биде корисна за подобро разбирање на насоката што треба да се преземе – особено кога е во прашање партнерот.

Во љубовта ќе има пресврти и нови љубови, а за осамените – љубов на прв поглед.

Подгответе се да ги промените правилата, некои ќе добијат нова улога или нови обврски.

Среќни месеци мај, јуни и септември.

БЛИЗНАЦИ

Конечно научивте да чекорите на свои нозе и 2022 година ќе изнесе на виделина многу можности поврзани со љубовта. Дури и ако Јупитер се оддалечил, Сатурн е тој што ви поддава рака.

Токму Сатурн, дефиниран како строгата планета на Зодијакот, во реалноста за вас Близнаците ќе биде вистински водич кој ќе ве поддржува во текот на целата календарска година. Поддршка која ќе ве направи самоуверени, на пример во љубовта, каде емотивната зрелост може да доведе до нешто поважно или во работата каде што поголема одговорност ќе ви донесе многу задоволство.

Месеци за љубов: февруари, мај и јуни.

РАК

Првите месеци од годината изгледаат малку тажно, но не грижете се, дури и ако Венера е против вашиот знак, доаѓањето на Јупитер ќе им помогне на паровите кои во криза.

Ова се исклучително интересни месеци –  мај и јуни се најпродуктивни од професионален и економски аспект, но и за осамените Ракови – одлични за нови запознавања!, додека јули и август се одлични љубовни месеци за позрелите врски.

Јупитер по долго време ви дава можност да го преиспитате вашиот живот, големите промени се однесуваат на лични и семејни работи.

ЛАВ

Првиот дел од годината не изгледа интересен. Но, не грижете се: планетата Јупитер пристигнува да поправи се што останало нерешено!

За вас Лавови, вистинскиот почеток на годината доаѓа во јуни, кога Јупитер ќе го допре пријателскиот знак Овен. А вие ќе добиете вајлд-карта во џебот, вистинскa преродба која позитивно ќе ве карактеризираат во текот на 2022 година.

Во мај планирајте промена, обнова, секоја нова ситуација може да стане вистинска отскочна даска.

Во ноември, пак, големото задоволство: на подиумот е љубовта (но и парите и професијата).

ДЕВИЦА

Нема да биде лесно да се остане смирен годинава. Ќе биде календарска година со многу настани, присуството на некои важни планети – како Нептун кој нема да ги олесни работите. Секоја ситуација може да се доживее тешко.

Бидете поактивни и помалку песимисти, секоја ситуација бара труд за да се реализира. Најтешкиот период е помеѓу јануари и мај, кога Јупитер би можел да создаде доцнења на љубовно поле. Бидете трпеливи и повнимателни кон партнерот.

Позитивно закрепнување од јуни до септември.

ВАГА

2022 година изгледа поинтересно од очекуваното.

Поддршката на Сатурн повторно ја разгорува желбата за преземање нови активности.

Бидете поприсутни на работа, поконкретни во пријателствата и помалку отсутни во љубовта!

Дури и ако небото не носи со себе неверојатни вести, сончевата година е позитивна и полна со добри намери.

Октомври и ноември носат и желба да се соберат посакуваните плодови. Искористете го добродушното влијание на Венера од знакот Водолија за да си го промените изгледот и да му дадете нов шмек на вашиот имиџ.

ШКОРПИЈА

Од јануари до мај ќе бидат најинтересните месеци за вас.

2022 година е година за решение за многу ситуации кои ви се важни. Осмелете се да се промените, небото ве поддржува!

Ќе имате одлични можности во развојот на професионалните соработки и во деловни преговори, но запомнете – во љубовта ќе најдете решение за секоја криза!

Осамените, доколку бараат сродна душа, ќе ја најдат во март!

Пред вас се и нови пријателства и патувања во странство. Јупитер ќе ви помогне да го разубавете телото и ќе имате поголем интерес за спорт и промена на изгледот. Можеби ќе ве привлече холистичка или религиозна дисциплина.

СТРЕЛЕЦ

Ако работите на проект, 2022 година ќе ви ги оствари соништата.

Не е важно на кое поле ќе одлучите да ја канализирате вашата енергија,  важно е да дејствувате и да започнете ситуации кои се корисни за да му дадат нов шмек на вашиот живот!

Јупитер е тој што во јуни 2022 година ќе ве натера да живеете вистински магични моменти; неговото влијание ќе ве поддржува до декември и ќе ве постави на љубовниот подиум, ќе ви носи и среќа и успех.

За паровите кои се во брак не е исклучено купување на стан или куќа.

Ова се исклучително поволни месеци за промена на физичкиот изглед, закрепнување од стара болест, натпреварувања..Влијанието на ѕвездите укажува на успех на сите полиња.

ЈАРЕЦ

Ве бакнува среќата! Венера е со вас, но и другите ѕвезди кои гарантираат исклучително поволен период во љубовта, но и економски успех кој извесно време ви недостасува.

2022 година ќе биде и во знакот на професионално закрепнување, а најдобри месеци се јануари, септември и декември.

Семејството носи со себе неочекувани вести: наследство, промена на недвижен имот, продажба.

Со оглед на тоа што љубовта е со вас, од физичка страна, посветете повеќе време на спортот, променете ги навиките и бидете повнимателни на вашата психофизичка благосостојба.

Многу важна година за полагање испит, натпревар или добивање зелено светло.

Посветете се на пишување книга: соберете ги вашите животни искуства во љубовта!

ВОДОЛИЈА

Јупитер се оддалечува од вас,  од една страна доаѓа емоционален и психофизички пад, од друга страна, ризикот е да ја изгубите довербата во себе.

Во 2022 година би можеле да бидете и вие на подиумот на љубовта, само важно е да се стремите кон поголема самодоверба.

Сатурн ве прави срамежливи, нетолерантни, нестабилни и мачни за себе. Овие индикации може да изгледаат малку претерани, во реалноста сè зависи од вашето расположение и способноста да управувате со емоциите!

Вие сте најнеконвенционалниот знак на Зодијакот, кормилото на животот е во ваши раце, затоа сончевата година може да се пресврти и да се живее со љубов и партнерство/солидарност.

Оставете ја настрана мрзеливоста, отворете ги вратите на соништата и се ќе биде помагично.

РИБИ

Вие сте најсреќниот знак во Зодијакот.

Доаѓањето на Јупитер ве става на подиумот. Во следните неколку месеци ќе го допрете небото со прст!

Ќе имате многу новости на патот пред вас, толку многу што ќе можете да ги остварите вашите соништа на сите полиња, а љубовта…

За некои доаѓа нов дом, за други – живот под ист покрив,  или брак.

А ќе имате и одлична заработувачка за сите соништа да си ги исполните.

Годината не исклучуваме купопродажба, предвремено пензионирање, ослободување од нешто старо кое ви е на товар, нов автомобил, многу нови карактеристики што ја прават оваа 2022 година навистина посебна. А, не исклучува ни промена на изгледот, исхрана и нов спорт во согласност со вашите добри намери.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....