17:26 - 9 март, 2025

Хороскоп за 7 март: Лавовите денеска ќе бидат осамени, Раковите ќе имаат нервози во љубовта, а вие?

Овен
Љубов: Ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби помеѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис.
Работа: Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста, а некои ќе покажат одбивност.
Здравје и совет: Штедете си ја силата.

Бик
Љубов: Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став.
Работа: Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.
Здравје и совет: Добро би ви дошло малку повеќе да спиете.

Близнаци
Љубов: Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг.
Работа: Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни, кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи.
Здравје и совет: Никој не сака да слуша поплаки.

Рак
Љубов: Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така, но бидете сигурни дека ќе помине наскоро.
Работа: Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија.
Здравје и совет: Попладнево опуштете се.

Лав
Љубов: Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста, од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно, како и копнежот.
Работа: Иако другите ве сакаат и поддржуваат, денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете. Не е така.
Здравје и совет: Дружете се со позитивни луѓе.

Девица
Љубов: Вашата потреба за нежност ќе биде голема, а надворешната состојба ќе биде скромна. Затоа може да сонувате со отворени очи, да чекате подобри денови или да копнеете.
Работа: Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега.
Здравје и совет: Погледнете добар филм.

Вага
Љубов: Оние кои се на прагот на тајна врска, денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисла.
Работа: Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност.
Здравје и совет: Бидете смирени.

Скорпија
Љубов: Некои и понатаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска, но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат.
Работа: Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место, затоа што денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно.
Здравје и совет: Чувствителност на желудникот.

Стрелец
Љубов: Иако изгледа како добро да ви е во љубовта, однатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето.
Работа: Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност, па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате.
Здравје и совет: Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот.

Јарец
Љубов: Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени.
Работа: Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи, доколку не се неопходни.
Здравје и совет: Бидете горди на своите дела.

Водолија
Љубов: Веројатно ќе мора да го поделите работното време. Еден дел ќе одвоите за својот партнер, а другиот за пријателите.
Работа: Младата личност со која соработувате, денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучавате младите.
Здравје и совет: Ќе издржите сè што ви претстои.

Риби
Љубов: Ако не сте задоволни од состојбата, денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост.
Работа: Ќе ве збунива лицемерноста на надредените, зашто едно ќе зборуваат, а друго ќе прават. Не кревајте тензија, туку набљудувајте.
Здравје и совет: Ќе дојдат вашите пет минути.

Слични објави

Бранко Коцкица падна на сцена во неговиот театар: Актерот откри детали за здравствената состојба!

Еспресо

(Видео) Хаос на концерт на Саша Матиќ: Тепачка во ложата – обезбедувањето се судри со гости!

Еспресо

(Фото) Поранешната на Милан Калиниќ доби изненадување за 8 Март од посебна личност, тој го замени актерот: Сандра никогаш посреќна

Еспресо

(Видео) Лепа Брена расплакана на сцена за Саша Поповиќ: „Не можам да ги задржам емоциите!“

Еспресо

Хороскоп за 9 март: Бикот го мачат тајните желби, Скорпијата е под притисок, а вие?

Еспресо

„Мене и на Дарко ни помогна да купиме стан“: Ана Севиќ, поранешна сопруга на Дарко Лазиќ низ солзи раскажала каков човек бил Саша Поповиќ

Еспресо
Се вчитува....