8.8 C
Скопје
11:54 - 18 декември, 2024

Хороскоп за 29 мај – Рибите ќе го добијат заслуженото признание, Овните ќе се збогуваат со лошото расположение

Овен

Лошото расположение кое го имавте во изминативе неколку денови, конечно ќе го оставите зад себе. Токму затоа ќе остварите и успех во работата, но и во љубовта. Вашиот партнер конечно ќе биде задоволен од вас, а вие потрудете се да надоместите за тоа што во изминативе неколку дена воопшто не бевте добро друштво. Излезете на вечера и обидете се да се забавувате.

Бик

Денеска лошо ќе се справувате со сите ситуации, па одвреме-навреме правете пауза. Ќе сфатите нешто што ќе биде од голема важност за вашиот личен развој. Ќе ви се врати мотивацијата да работите на себе. Во љубовта избегнувајте да донесувате важни одлуки.

Близнаци

Ќе ви доаѓа да потонете во толпата за да не бидете забележани, но вашите обиди ќе бидат залудни. Каде и да сте, вашиот магнетизам нема да останува незабележан. Доколку сте во врска, ќе насетите мала доза љубомора во однесувањето на партнерот. Дајте сè од себе за да го уверите дека тој е единствен за вас.

Рак

На професионално поле сѐ ќе ви оди од рака. Бидејќи ѕвездите ви се наклонети денеска, ќе бидете продуктивни на секое поле. На љубовно поле, и вам и на вашиот партнер ви е неопходно да поминувате повеќе време заедно, а со самото тоа и да продолжите со начинот на кој порано функциониравте, надополнувајќи се еден со друг.

Лав

Ќе ги избегнете конфликтите што се случуваат околу вас, а можеби ќе решите и спор помеѓу некои ваши пријатели. Сепак, ќе ви биде тешко да стоите настрана и да ја гледате загриженоста на вашите блиски. Доколку сте во врска, разговорот со партнерот ќе биде клучен. Сега е време да им ставите крај на недоразбирањата.

Девица

Во минатото дозволувавте коментарите на луѓето да влијаат врз вашите одлуки, па дури и да ви ја намалат самодовербата. Сега тоа ќе се промени, па слатко ќе им се смеете на сите кои ви велат дека не можете или дека не сте способни. Бидејќи ќе верувате во себе, зголемената самопочит позитивно ќе ви се одразува и на љубовниот живот.

Вага

Денеска најдете што е она што најмногу ве смее, а потоа направете го дел од вашето секојдневие. Колку почесто се смеете, толку попозитивна личност ќе станувате. Можно е да се чувствувате засрамени поради однесувањето на ваш пријател вечерва. Морате внимателно да го избирате друштвото.

Скорпија

Добро ќе размислите за вашиот живот и вашите досегашни постапки. Останете смирени и не донесувајте важни одлуки. По сето ова, ќе ви биде потребно и време за релаксација. Во љубовта без проблем ќе ги разберете постапките на партнерот. Оваа нова перспектива кон врската навистина ќе ви годи.

Стрелец

На емотивно поле, бидете љубезни и трпеливи колку и да ви се чини дека тоа е невозможно. Веќе утре сѐ ќе ви изгледа поинаку. На професионално поле, пред вас е искушение на финансиски недоразбирања поради млади и неискусни соработници или поради некаква забава.

Јарец

Можеби е подобро да направите пауза од социјалните мрежи и да се преселите во реалниот свет. Влегувајте во разговори со лица од спротивниот пол на кои им се допаѓате. Нивните комплименти ќе ви годат. Токму затоа, можеби ќе дојдете до конечно решение да се впуштите во врска со личноста за која од поодамна се интересирате.

Водолија

Ќе бидете премногу чувствителни за правилно да расудувате. Ќе сакате да разговарате со вашите најблиски и ќе се чувствувате удобно во нивно друштво. Во љубовта ќе ви помогне вашата подготвеност да се жртвувате за партнерот. Ова дефинитивно ќе ја продлабочи врската.

Риби

На емотивно поле, она што некогаш сте си го ветиле себеси, денеска полека се остварува. Вие уживате во друштво на лицето кое ви е исклучително мило. На професионално поле, можно е да го добиете заслужено признание или постои голема веројатност јасно да се покажат резултатите од вашата претходна работа.

Слични објави

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо
Се вчитува....