09:46 - 12 април, 2026

Хороскоп за 28 мај – Погледнете што велат ѕвездите за овој четврток

хороскоп

Овен

Имате голем број на планови. Заинтересирани сте, но сепак, не ќе можете се одеднаш да реализирате. Овој ден ви носи некои новости. Пред се на професионален план ќе ви пристигнат понуди за кои сте одамна заинтересирани, но не можете да прифатете дополнителна работа на која нема да можете професионално да одговорите.

Бик

Нема да ви недостига мотивација за работа, но луѓето околу вас некако нема да бидат расположени да ве остават да се сконцентрирате. За да не се нервирате непотребно, предвреме подгответе се дека ве очекуваат пречки. Размислете реално дали вашите бизнис идеи се возможни.

Близнаци

Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Вагите родени во септември.

Рак

Некои лоши вести поврзани со вашата работа денес би можеле многу да ве вознемират. Најверојатно ќе се запрашате каква е вашата иднина и како да го промените тоа прашање. Размислете за тоа, но не донесувајте одлука денес. Мора да бидете повеќе сигурни во себе отколку што се. Во меѓувреме разгледајте си сите опции.

Лав

Комплиментите што ги добивате ве наведуваат на погрешни емотивни очекувања. Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Колку и да изгледа примамливо некоја понуда, размислете за последиците доколку ја прифатите.

Девица

Денес денот ќе го поминете во дружба со колегите, а воедно и да се договорите за некои деловни потфати. Имате енергија и успешно ќе ја искористите за завршување на работните обврски, со цел да можете да уживате во викендот.

Вага

Сакате нешто ново, промени и проширување на видикот. Ќе иницирате развој на некој бизнис, партнерот кој сте го одбрале е стабилен, но сепак договорете ги сите точки однапред. Денес ќе имате инспирација да сработите нешто повеќе, а вашата енергија ќе биде непрекината, па затоа ќе успеете во намерите.

Скорпија

На работното место постои некоја компликација, проблем или барање кое не можете и не сакате да го извршувате, тоа ве мачи подолго време, но наскоро ќе започне да се разрешува, па затоа не си ги губете нервите со тоа прашање. Попладневните часови искористете ги за средба со пријателите.

Стрелец

Ќе добиете пријатни вести во врска со некоја нова работа која би требало да ја органзираат некој Овен или Лав. Ментално сте посилни во однос на финансискиот дел и веројатно ќе направите внимателни финансиски потези. Бидете отворени за секој вид на совет, особено од некој Лав.

Јарец

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Водолија

Добриот аспект помеѓу вашиот знак и Плутон поволно се одразува на вашите финансии. Подготвени сте со некој да преговарате и да направите компромис. Многу сте практични и не сакате да ги пропуштите добрите шанси инсистирајќи на нешто што не е во ваш интерес.

Риби

Внимавајте на здравјето, намалете ги нервозите. За некои моментални настани и случувања ќе треба да одлучите колку ви значат, но и што треба да научите од нив. Ќе бидете чувствителни на она што другите го мислат и зборуваат за вас. Не ги сфаќајте премногу лично. Внимавајте на соработката со деловните партнери, бидете покоректни.

Слични објави

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....