9.8 C
Скопје
21:00 - 22 ноември, 2024

Голем љубовен хороскоп за 2022: Година на одлуки, трансформации и нови почетоци

ОВЕН
Ова би можела да биде една од оние години во која ги сведувате вашите пресметки, година во која ќе одлучите што да направите и како да продолжите понатаму. Веројатно веќе забележавте дека некои луѓе заминаа од вашиот живот и дека вашиот приватен живот многу се смени. Ако сте во долга врска или во брак, би можело да дојде до поголеми проблеми или кризи кои ќе ја нарушат вашата доверба, па дури и стабилноста на врската.
Сега пред вас се 12 месеци на многу интензивни и бурни љубовни искуства кои не само што ќе ви донесат нови познанства, туку можеби и нова љубовна приказна која ќе ве оддалечи од минатото и постојаното враќање кон него. Ако сте сами, дозволете си време за истражување, сè додека не ја пронајдете онаа личност за која ќе можете да речете дека е вистинската!

БИК
Пред вас е година за реновирање на вашиот љубовен живот. Ќе поместувате граници, ќе доживувате нови искуства. Сè е необично, по малку и неочекувано, па може да дојде до нагли разделби, но и спојувања.
Биковите кои не се во врска би можеле да најдат среќа во друг град или со личност која патува многу или е странец. Ќе има и поголем оптимизам за оние кои се во брак и во врска. За некои, 2022 година би можела да донесе втор брак, односно запознавање со личност која би можела да заврши во сериозна врска или со брак.

БЛИЗНАЦИ
Вашиот љубовен живот би можел да помине низ фаза на трансформација. Како да доаѓате до точка од која нема враќање назад и сфаќате дека е неопходно да донесете одлука. Парите и врската со партнерот ќе бидат испреплетени, ќе треба да постигнете договор. Ова е година во која би можеле да ја прекинете врската или да започнете тајна врска.
Слободните Близнаци почесто од обично ќе бидат окупирани со зафатени додворувачи, а на шармот на една таква личност би можеле да паднат на крајот на летото. Ако не успеете во тоа, можно е да се појави трета личност која дополнително ќе ги размрда темелите на вашиот однос. Затоа е многу важно да размислите што и кого сакате.

РАК
Пред вас е година на одлука. Лошите односи нема да преживеат. Напуштате сè што ве гуши. Важно е да се заштитите од лицата кои ве исцрпуваат. Пронајдете мир со минатото, а секое враќање ќе покаже дека таму за вас веќе нема ништо.
Но во годината што е пред вас ќе засадите семе за нови можности. Можеби токму новото познанство ќе ви овозможи да излезете од врската што ви е товар. Време е за заборавање на старите навики, стравови и несигурности.

ЛАВ
Пред вас е турбулентна година во љубовта, време на нови можности и големи чекори. Можно е со вашиот партнер да започнете бизнис или инвестиција. Ќе има и периоди на нестабилност во кои ќе се прашувате дали сте го направиле вистинскиот избор.
Ако сте сингл, можеби ќе ви се допадне лицето со кое соработувате или ќе имате контакт со некој кој е многу посветен на своите работни места и на кариерата. Но, времето што ќе го поминувате заедно ќе биде многу возбудливо, дури и романтично. Врските на кои им недостасува доверба и стабилност нема да го издржат тестот на реалноста.

ДЕВИЦА
Влегувате во време на препород, во година во која се зголемуваат можностите за подобар и посреќен љубовен живот. Повеќе ќе излегувате, ќе уживате, ќе запознавате нови луѓе, а ноќните излегувања ќе бидат исполнети со фатална привлечност.
Во 2020 година можете да започнете нова врска, да се за вљубите, но и да се остварите низ родителската улога. Можно е да ве привлече личност помлада од вас, која ќе ве разбуди. Ќе имате впечаток дека повторно сте живи, дека уживате како што не сте уживале долго време. Не е исклучено некој од минатото да се врати во вашиот живот, односно да ја обновите врската од младоста или со лице со кое сте ги прекинале сите контакти пред неколку години.

ВАГА
Доколку сте во лош брак или врска што не задоволува, лесно е да се продлабочи кризата во наредните 12 месеци и да ве поттикне во втората половина од годината (особено во октомври) да донесете одлуки што ќе бидат клучни за вашата иднина. Нестабилните односи тешко ќе преживеат оваа година.
Во успешните врски важно е да се постигне рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Ќе има и прилики за флертување, особено во текот на летото, а и есента ќе биде бурна и страстна затоа што ќе бидете освојувачки расположени. Ако сте сами, во текот на следната година внимавајте да не прифаќате врска што е под она што го заслужувате.

СКОРПИЈА
Следната година, по астролошки параметри, за вас треба да биде успешна и продуктивна. Во љубовниот живот ви пристигнуваат повеќе задоволства и нови можности. Можно е да се најдете во сериозно искушение, односно да ве привлече личност која е сосема поинаква од вашиот идеален вид партнер и тоа ќе ви биде многу возбудливо.
Прашање е колку ќе можете да ја одржите лојалноста, но ако навистина го сакате партнерот, сигурно ќе донесете правилна одлука.
Сега можете да ги стабилизирате и да ги зајакнете односите со луѓето за кои се грижите и да внесете нови содржини во врската или во бракот. Сепак, нема да толерирате никакви стеги и окови.

СТРЕЛЕЦ
Нов почеток е пред вас. Во 2022 година време е да го оплодите наученото и да го примените сфатеното. Можеби ќе ставите точка на една врска и ќе започнете нова, а можеби ќе сфатите што сè добивате во постоечка врска и колку е таа важна за вас.
За што и да се работи, едно е сигурно. Во следната година влегувате во период на преродба. Kако да не дозволувате ништо да ве исфрли од колосекот. Ќе се разбуди и вашиот авантуристички дух, па од почетокот на јули до крајот на годината незапирливо ќе освојувате и ќе уживате во богатиот љубовен и социјален живот.

ЈАРЕЦ
Нема повеќе лоши компромиси, а ако во врската се откажете од вашите принципи и го занемарувате она што е важно за врската, ќе се појават фрустрации и вознемиреност.
Некои луѓе веќе заминаа од вашиот живот, некои допрва ќе заминат, но нивното заминување ќе создаде простор за да создадете нешто ново. Затоа, ако сте осамени или сонувате за врска со личност која ќе ве „разбуди“, тогаш активирајте се и уште во јануари тргнете во „лов“.

ВОДОЛИЈА
Искористете ја следната година за да направите ретроспектива на вашиот љубовен живот и да бидете свесни за стравовите и несигурностите што ве кочат.
Ова е време кога би можеле нешто да доведете до крај, односно да сфатите што сакате, а што не во вашиот приватен простор. Некои тајни, како и сè што е потиснато, ќе излезат на површина, па ако тргнете во тајна или забранета врска, можеби нема да можете долго да ја криете.

РИБИ
Пред вас е добра љубовна година, на многу начини постабилна од 2021 година. Ќе има многу помалку неизвесност и нејаснотии. Работите ќе се наредат и подредат, а вие само ќе треба да „пловите“ по таа река на случувања.
Планетите во голема мера ќе го збогатат вашиот социјален живот, но и ќе ве променат.
Личностите кои не се добри за вас, како и врските кои беа лоши, едноставно ќе исчезнат од вашиот живот. Она што долго го чекавте, сега би можеле и да го остварите. Ќе имате многу љубовни авантури, а новата љубов би можела да почне како пријателство.

Слични објави

По трагичната загуба на сопругот, Тајчи има нова љубов: Овој музичар го освои срцето на југословенската пејачка

Еспресо

Колку ќе заработат српските пејачи за Нова година? Чолиќ и Пријовиќ се рекордери, Драгана Мирковиќ ќе има нов стан, Рајовиќ куќа на планина

Еспресо

„Телото ме боли, очите ми се суви…“: Мелина се огласи по разводот со Харис Џиновиќ и шокираше со својата порака

Еспресо

Јелена Карлеуша за 72 часа лансира парфем и спрејови за тело: Ќе носат моќно име

Еспресо

(Видео) Порасна синчето на Марија Шерифовиќ: Малиот Марио прави хаос низ дома

Еспресо

Амал Клуни била клучна личност во издавањето меѓународна потерница за Нетанјаху

Еспресо
Се вчитува....