-1.2 C
Скопје
09:06 - 23 декември, 2024

Астро прогноза за петок, 1 јули

Овен

Тоа што сте го замислиле, ќе го постигнете со помош на невидливи сили. Ако имате емоции кон Скорпија, сметајте на љубомора и одмаздољубивост. На деловно поле, ангажирани сте околу одредени луѓе и нивните приватни проблеми. Вашата грижлива улога ќе ви биде од деловна и од финансиска корист.

Бик
Во вас се буди радикално нова самосвест. Држите до себе, размислувате повеќе за сопствениот живот, а токму по ова прашање стоите многу слабо. Наместо да ги поедноставувате, вие ги комплицирате работите на љубовно поле. Ако вие самите не знаете што сакате, како ќе знае саканата личност? Спонтаноста најмногу ви одговара.

Близнаци
На деловно поле имате полни раце работа, а брзината е вашата нова доблест. Во еден ден ќе завршите работа за цела недела. Тоа е вистинското време за нов почеток во животот. Здравје и совет: чувствувате чудни вибрации во воздухот. Имате лошо чувство. Медитирајте наутро и навечер и придржувајте се до трансценденцијата во текот на денот.

Рак
Кога никој друг не сака да те пофали, вие сами се кревате до небото. Ќе добиете прекрасен комплимент кој многу ќе ве израдува. Ако вашата деловна реалност навистина станала неподнослива, конечно би можеле да се охрабрите и да преземете нешто. Не е сѐ така црно како што ви изгледа.

Лав

Сѐ уште се плашите од неизвесната иднина. Како знаете што сѐ можете да направите ако не сте ја активирале фантазијата и не сте дејствувале конкретно? Не плашете се. Во љубовта, живеете во хармонија со саканата личност, а тоа ви е најважната работа на светот во моментов. На осамените им се насмевнува нов почеток во љубовта.

Девица
На деловно поле ќе доживеете силен притисок во врска со новите деловни соработки, и тоа од некои многу наметливи луѓе. Внимавајте кому му верувате и во што точно навлегувате! Ви недостасува одлучност. И вашето здравје страда поради вашата негрижа. Имате проблеми, но молчете. Слободно кажете им на најблиските што најмногу ве мачи.

Вага
Сте се загледале во личност која е веќе зафатена. Интересот е взаемен. Ќе направите еден чекор после кој тешко дека ќе можете да се вратите назад! На деловно поле се конфронтирате самите со себе на болно искрен начин. Вистината е дека водата е длабока, а не плиток поток. Важно е да сте свесни за тоа како функционирате.

Скорпија
Директно се судривте со другите. Стравот е категорија непозната за вас. Вие сте најпровокативни и најбунтовни во вашата семејна арена. Понекогаш тоа е добро, но понекогаш како само вие да сте иницијатор за несогласувања со членовите на семејството. Се советува да броите до 10 кога ќе се изнервирате. За ваше добро.

Стрелец
Во љубовта сте исклучително тврдоглави и своевоглави. Не попуштате ниту за најмала работа. Не сте свесни за последиците. Личноста со која сте во врска размислува за раскинување. На деловно поле премногу време трошите на деловни желби и амбиции, а поради тоа ви трпи емотивниот живот. Работата стана хронична. Променете ја стратегијата!

Јарец
Животот ви стана полн со стрес, а денес ќе добиете дополнителна потврда дека тоа е така. Премногу сте загрижени за некои помалку важни работи. На емотивно поле, сакате великодушно и дарежливо. Вашиот ексцентричен изглед создава магични ефекти во јавноста. Вие сте идеална цел за страсно вљубување!

Водолија
На деловно поле, поради лошите искуства од минатото, внимателно избирате со кого ќе работите. Ќе се најдете во ситуација вашата искреност да биде ставена на тест. Урамнотежени сте во главата, а тоа позитивно се одразува на целото ваше тело. Вие сте моќни и регенеративни. Справете се со сопствените пороци!

Риби
Вие сте строго фиксирани во самотијата. Имате премногу „внатрешни прашања“, а надворешниот свет не ви е премногу важен. Ќе излезете од кризата со помош на една Скорпија! На деловно поле, иако генерално сте практични и приземни, понекогаш се губите во маглата. Бидете претпазливи од измами, а најмногу чувајте се од самоизмама.

Слични објави

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....