6.8 C
Скопје
17:22 - 18 декември, 2024

Дневен хороскоп за 7 декември: Погледнете каков ќе ви биде овој понеделник!

Овен
Ќе се чувствувате подобро за разлика од вчера, па можеби денес е време да ја донесете одлуката што ја одолговлекувате. На работното место ќе владее пријатна атмосфера, а ова ќе ви помогне да се зближите со вашите колеги. Ако сте во врска, немојте да се плашите да разговарате со партнерот за вашите потреби и очекувања.

Бик
Ќе ги избегнете конфликтите што се случуваат околу вас, а можеби ќе решите и спор помеѓу некои ваши пријатели. Сепак, ќе ви биде тешко да стоите настрана и да ја гледате загриженоста на вашите блиски. Доколку сте во врска, разговорот со партнерот ќе биде клучен. Сега е време да им ставите крај на недоразбирањата. Ќе разрешите многу дилеми.

Близнаци
Близнаците очекуваат дека сите околу нив треба да се трудат, а трудот го наградуваат со минимални знаци на внимание кои што треба да бидат целосно вообичаени. Партнерот конечно прв ќе ви каже дека ве сака, а доколку вие го направите тоа тогаш веројатно ќе ви каже само „благодарам“. Не плашете се, одговорот ќе биде резултат на неговата збунетост.

Рак
Внимателни сте, а тоа ќе ви помогне да ги надминете тешкотиите и да ги смирите конфликтите. Ќе успеете да ги убедите сите околу вас да се согласат со вашите идеи и ќе напредувате заедно. Вечерва отворете ја темата пред партнерот која подолго време ве мачи. Бидете сигурни дека ќе ви го реши проблемот. Ќе покаже чувствителност, сочувствителност.

Лав
Успевате да ги придобиете поголемиот број пријатели на ваша страна. Ви се допаѓа личност за која не сте сигурни на кој систем на освојување би „паднала“. Другата страна ја очекува вашата иницијатива. Се прилагодувате на личноста која ви се допаѓа. Одличен ден за преговори поврзани со вашите идни планови. Но, избегнете крути ставови.

Девица
Денес ќе ја имате сета сила на овој свет за да успеете да се справите со сите дневни задачи и непријатности. На емотивно поле, обидете се да ги држите вашите чувства под контрола, сега не е вистински период за да делувате емоционално. Потребен ви е некој што може да ги разбере вашите идеи или да ви го разубави расположението. Погледнете околу вас.

Вага
Ќе бидете многу нервозни бидејќи некои работи се одвиваат побавно отколку што очекувавте. Потребно ви е трпение. Во љубовта потребно е да научите да бидете малку пофлексибилни. Потребно е да бидете малку поотворени во контактот со лицето кое ви се допаѓа со цел да го придобиете. Вие сакате сè да се случи веднаш, сега, тука… Бидете реални.

Скорпија
Вашата гордост полека избива на површина, предизвикувајќи нови убоди во вашата врска со саканата личност. Не можете да ѝ ја наметнете ваша волја. На професионално поле, важно е да прифатите активна улога и да го почитувате основниот протокол за деловна соработка. Доколку немате сигурни информации за деловните можности, не ризикувајте непотребно.

Стрелец
Иако однадвор ќе бидете сериозни и ладни како мраз, внатре во вас ќе бидете подготвени за забава и авантури. Тешко ќе ги издавате вашите вистински чувства, бидејќи ќе се плашите од реакциите на луѓето. Можно е да имате несигурности поврзани со вашиот надворешен изглед. Сите тие ќе исчезнуваат пред комплиментите на една личност.

Јарец
Претходно дозволувавте коментарите на луѓето да влијаат на вашите одлуки, па дури и да ви ја намалат самодовербата. Сега тоа ќе се промени, па слатко ќе им се смеете на сите кои ви велат дека не можете или дека не сте способни за разни работи. Бидејќи ќе верувате во себе. Зголемената самопочит позитивно ќе ви се одразува и на љубовниот живот.

Водолија
Задоволни сте од резултатите. Разговорот со член од семејството не поминува најдобро, а неговите ставови ве иритираат. Ако сте сингл, ќе остварите комуникација со постара и позрела личност. Имате силен впечаток дека ќе дојде до стабилна врска. Ако сте во врска, внимавајте на испадите, многу сте љубоморни и му правите проблеми на партнерот.

Риби
Убаво е кога сте во друштво на личност која ги исполнува вашите емотивни очекувања. Пеперутките во стомакот што ги чувствувате најавуваат ново емоционално задоволство. Нема причина да ја обвинувате околината за вашите деловни неуспеси. Затоа, обрнете внимание на корисен предлог од колега, соработник, надреден… заборавете малку на гордоста.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....