7.8 C
Скопје
10:52 - 18 декември, 2024

Дневен хороскоп за 21 декември: Посакувате повеќе од можното, внимавајте на потезите!

Овен

Во заеднички интерес е деловниот ризик да се сведе на минимум и да се решат актуелните проблеми. Коректно испочитувајте го меѓусебниот договор. Ако ве оптоваруваат емотивни сомнежи, отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Живеете во некој свој розов свет и се залажувате.

Бик

Ќе бидете во центарот на вниманието, само најдобро е да ги избегнувате ризичните разговори. На работното место ќе цвета вашата креативност и сега е време да покажете за што сте способни. Во љубовта среќата е на ваша страна. Ако сте сингл, можна е средба со личност која веднаш ќе ви се допадне. Сè ќе ви оди од рака!

Близнаци

Запомнете дека постои граница помеѓу практичните интереси и емоционалното задоволство, не е дозволено сè што сакате. Вашата критизерска природа или дополнителна упорност околината ја толкува на различни начини. Сепак, тоа нема да ви пречи да го наметнете своето мислење. Добар ден за забава со една посебна личност.

Рак

На работното место ќе имате проблеми со концентрацијата, па добро проверете ги сите и мали и крупни работи. Во љубовта нештата се одвиваат по вашиот план. Ако сте во врска, поминете ја вечерта со партнерот. Понекогаш во љубовната врска посакувате повеќе од можно, но нема причина да се жалите на саканата личност.

Лав

Ќе имате убави идеи и позитивен став, со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Имате впечаток дека врската вечно ќе трае. Имате чувства кон партнерот, има и тој, и не знаете чии се посилни. Солидно здравје.

Девица

Изгледате деконцентрирано бидејќи некој индиректно ве спречува да ги постигнете вашите деловни намери. Не страдате од суета и не сакате да се помирите со строгиот деловен режим или неуспех. На емотивно поле, имате тенденција да претерувате во вашите барања. Вашите желби не можат да бидат пред нечии потреби.

Вага

Саканата личност има свои критериуми и режим. Вие сте во емотивен јаз во однос на желбите и можностите. Потрудете се и тој да го добие тоа, затоа што тој, сепак, е најважната личност во вашиот живот. Партнерот, сепак, се обидува да ви помогне и да ве расположи. Вие имате поинаква ориентација и реагирате поинаку на очекувањата.

Скорпија

Не ги добивате одговорите што ги очекувате, но слушате разни изговори за работи што некој ви ги ускратува. Препознатливите фрази не значат многу. Лошата концентрација ви го отежнува воспоставувањето нови деловни контакти. Делувате многу напнато затоа што вашиот партнер има свои интереси или некои тајни планови.

Стрелец

Делувате расположени и имате позитивно влијание врз вашата околина. Треба да осмислите акција што носи заемна корист или перспективна реклама. Сè е можно, ако правилно ги поврзете информациите со кои располагате. Објаснете му на партнерот дека имате слични интереси. Заедничкиот предизвик ќе ве приближи до истите желби.

Јарец

Размислете внимателно за нечие предупредување пред да започнете нов предизвик или деловна авантура. Работите што ги правите без нечие одобрување претставуваат потенцијален ризик. Важно е да одржите добар соработнички однос. Партнерот ви дава до знаење дека бара чувство на доверба и сигурност во односот.

Водолија

Работите кои ги премолчувате пред соработниците, порано или подоцна можат да ве доведат во непријатна ситуација. Поаѓате од погрешни информации, така што вашите предвидувања или ветувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Разговорот што ќе го водите со личност која ви е многу мила, ќе биде доста сериозен, па дури и мрачен.

Риби

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Ве очекува конструктивен разговор со надредената личност во врска со новиот проект. Другата страна има големи очекувања од вас. Вашите емоции се стабилни и силни.

Слични објави

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо
Се вчитува....