2.8 C
Скопје
17:13 - 21 ноември, 2024

Дневен хороскоп за 21 декември 2019: На Јарецот нема да му недостига страст, а Бикот конечно ќе мрдне од мртвата точка

ОВЕН
Ќе развиете нова стратегија на работни односи која ќе доведе до задоволство и пофалби. Полека препуштете се на другите да ве водат, не мора секогаш да имате контрола. Издржете, силни сте вие и го можете тоа.

БИК
Таман кога се тргнавте од мртвата точка и стигнавте до некои информации, повторно застанавте, бидејќи очекувате некои нови одговори. Ќе успеете да ги согледате и надминете сите проблеми во врска со саканата личност. Вашиот идеализам ќе биде заразен. Не прашувајте премногу.

БЛИЗНАЦИ
Се уште траат вашите интереси кон новото хоби кое го започнавте. Продолжете, можеби ќе излезе нешто неочекувано добро од тоа. Со малку дипломатски пристап, нема препрека или недоразбирање кое ќе може да ја спречи вашата среќа со саканата личност. Ќе бидете отворени и креативни.

РАК
Со леснотија ќе ги решавате мнозинството од задачите кои ќе ви бидат зададени. Комуникацијата ќе ви биде јасна. Кога станува збор за љубовта, овој пат немојте да го слушате советот од пријателот колку и да е добронамерен тој. Можни се мали проблеми со кожата на лицето.

ЛАВ
Ништо повеќе нема да ве загрижува кога станува збор за работата. Вашите цели ви се потполно јасни и тоа ви е доволно. Ќе дојде до благо подобрување во вашите лични односи, но се уште тешко ќе ви биде да ги најдете вистинските зборови кога е партнерот во прашање. Следете ги своите соништа.

ДЕВИЦА
Во работата нема да бидете дополнително ангажирани. Се ќе изработите рутински и без многу имагинација. Ќе ви недостасува мотивација. Повторно ќе пронајдете рамнотежа во личните односи. На некои Девици ќе им помогнат пријателите. Саканата личност ве сака. Продолжете да го градите започнатото.

ВАГА
Ќе ви претстои непромислено пристапување од страна на вашите надредени, поради што ќе се почувствувате повредено. Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежност, што и ќе му биде пружено од ваша страна. Вежбајте некаде на чист воздух.

СКОРПИЈА
Мали несогласувања со колегите на работното место ќе бидат од минлив карактер, затоа не им придавајте многу значење. Денес ќе го пронајдете вистинскиот начин на некому да ги покажете своите чувства, без разлика дали станува збор за погледи или зборови. Имате право на уживање.

СТРЕЛЕЦ
На работното место ќе почувствувате мир и стабилност. Загатките ќе ги оставите другите да ги решаваат. Доколку излезете, најверојатно убаво ќе си поминете. Сепак, внимавајте што зборувате за да не направите некакво недоразбирање. Вежбајте јога за подобра концентрација.

ЈАРЕЦ
Знаете дека ништо не е сигурно, но очекувајте дека добро ќе пројде. На некој начин се коцкате. Многумина ќе уживаат во љубовта во која не недостигаат страсти, а некои можно е и да провоцираат. Одморајте повеќе.

ВОДОЛИЈА
Кога ќе ги соберете сите сметки, ќе видите дека има повеќе трошоци, но и нови добивки. Повторно сте на истото. Вашиот стил на забава и надалеку е познат по оригиналноста. Денес можно е и малку да претерате во тоа. Бидете умерени во се.

РИБИ
Во работата со вашиот самостоен карактер ќе бидете успешни. Таму каде што другите ги влечат конците, ќе мора да послушате. Ќе бидете попривлечни отколку вообичаено, а во комуникацијата ќе блескате. Многумина ќе гледаат во вас. Олабавете се.

Слични објави

Хороскоп за 21 ноември: Близнаците ќе имаат одлична заработувачка

Еспресо

Хороскоп за 20 ноември: Биковите ќе запознаат интересна личност, на Вагите сè ќе им оди од рака

Еспресо

Хороскоп за 19 ноември: Стрелците ќе имаат проблем со љубоморен партнер, Овните ќе имаат соработка со странство

Еспресо

Хороскоп за 18 ноември: Раковите ќе живеат од љубов, Лавовите ќе бидат пофалени на работа

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо

Хороскоп за 15 ноември: Рибите ќе сакаат да доминираат во љубовната врска

Еспресо
Се вчитува....