-3.2 C
Скопје
23:46 - 22 декември, 2024

Дневен хороскоп за 04.12.2019: Овните ќе се водат според правилата, а Биковите ќе мора да се научат на компромис.

ОВЕН
Ќе настојувате да собирате нови искуства и ќе се обидете да ги вклопите во својот деловен план. Ќе поставувате нови прашање. Добро сте ја разбрале саканата личност и сега се обидувате да играте според правилата кои сте ги поставиле. Добро е. Совземете се малку и одморете.

БИК
Денес шефовите би можеле да ви идат на нерви, но доколку добро погледнете, нивните потези водат кон успех. Веројатно ќе ве обземат љубовни сеќавања или ќе ве допре некоја личност од вашето љубовно минато.

БЛИЗНАЦИ
Тешко ќе ви биде да соработувате со другите. Сепак имајте на ум дека не можете сами, пронајдете компромис. Вашата врска функционира добро, а денес ќе мора да издејствувате за некоја работа, па тоа ќе ви одземе и малку од слободното време. Можни се мали главоболки.

РАК
Не сте склони кон тоа да се задржувате подолго време на едно место, па гледате како да тргнете во нова деловна авантура. Ќе имате толку силна инспирација што без проблем ќе ја надвладеете секоја празнина во личните односи. Анализирајте ги вашите соништа.

ЛАВ
Малку повеќе труд вложете во вашата работа и ќе видите дека резултатите веднаш ќе се покажат. Соработувајте со другите колеги. Некои работи денес навистина можат да се остварат, потполно ќе се разберете со вашата сакана личност. Бидете потолерантни.

ДЕВИЦА
Ќе дојде до помали неочекувани финансиски трошоци. Се тоа ќе морате добро да го забележите за доброто на фирмата. Нема да има некоја драстична промена во вашиот љубовен живот за разлика од претходните неколку дена. Ќе ви биде дури малку досадно. Не ги пропуштајте деталите.

ВАГА
Ќе размислите дали да промените еден дел од работата или нешто во самата постапка на работата. Секако ширете познанства. Ќе пронајдете баланс помеѓу очекувањата и љубовната реалност. Ќе биде тоа став кој ќе ви донесе олеснување. Одморете се од се.

СКОРПИЈА
Работите се одвиваат според планот и се е одлично. Денес ќе добиете мала мотивација која ќе ви ја подобри работата. Со вашиот партнер ќе имате мало надмудрување. Мали грижи и нервози.

СТРЕЛЕЦ
Не само што ќе се покажете како одличен работник туку како и одличен советник за било каква работа. Со вашиот партер ќе имате емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете отворени еден спрема друг. Чувајте се од вируси.

ЈАРЕЦ
Успешно проаѓате низ разновидни препреки. Ќе успеете да решите мали проблеми. Сте ги покажале чувствата, а сега прифатете ја реакцијата на другата страна. Не плашете се, искреност и конченоста носат добрина. Контролирајте ја количината на храна која ја јадете.

ВОДОЛИЈА
Имате отворена врата за разновидни работни можности. Преостанува на вас да одберете по вашите критериуми. Денеска лесно ќе воспоставувате контакт. Ако сте сами, излезе надвор на кафе. Уживајте во спортот.

РИБИ
Денеска можете да ги анализирате можностите за финански инвестиции. Ќе се сретнете со разновидни опции. Денес е убав ден за да излезете надвор, но поверојатно е среќата да ја најдете во мирот во вашиот дом. Што ќе замислите, го остварувате.

Слични објави

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо

Хороскоп за 19 декември: Биковите ќе „пливаат“ во пари, Близнаците ги очекува динамичен ден во љубовта

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

Хороскоп за 17 декември: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

apostolova
Се вчитува....