ОВЕН: ИНТЕРЕСЕН МЕСЕЦ!
Драг Овен, март ќе биде навистина интересен месец за вашиот знак, кој ќе го почувствува – почнувајќи од 11-ти – влегувањето на планетата Меркур во конјукција: ќе се појават нови можности, кои треба да ги искористите! Среќна е и областа на чувствата: до 12-ти можете да сметате на поволниот транзит на планетата Венера, кој ќе ви овозможи незаборавни моменти и, доколку сте слободни, важни состаноци.
БИК: СПОКОЈСТВОТО СЕ ВРАТИ!
Драг Бик, месец март се отвора со Венера и Марс во неповолна положба што носи напнатост во љубовниот живот и малку повеќе стрес… За среќа, втората половина од месецот ќе биде дефинитивно посреќна: двете планети ќе ви се насмевнат повторно и, малку по малку, ќе можете да најдете спокојство со партнерот и да ја вратите енергијата. Обемот на работа е фаворизиран благодарение на ветувачката конјукција на Јупитер!
БЛИЗНАЦИ: МНОГУ НАСТАНИ
Драги Близнаци, вашиот месец март ќе биде дефинитивно исполнет со настани и полн со подеми и падови. Во љубовта можете да сметате на наклонетоста на Венера до 12-ти: почнувајќи од тој датум би можеле да настанат тензии и дискусии со партнерот… На работа пак, вториот дел од месецот ќе биде посреќен од првиот, благодарение на транзитот на Меркур во знакот „пријател“ на Овен почнувајќи од 11. Енергијата се намалува на крајот на месецот.
РАК: ВЕНЕРАТА СЕ ВРАЌА НА ВАША СТРАНА!
Драг Рак, месец март е подготвен да ви подари убави емоции, особено во однос на чувствата: почнувајќи од 12-ти, всушност планетата Венера повторно ќе ви се насмевне, а почетокот на пролетта ќе можете да го прославите со љубов! Обрнете внимание, сепак, на професионалната сфера: почнувајќи од 11-ти планетата Меркур ќе ви го заврти грбот и, иако сте заштитени од Јупитер, во канцеларија може да настанат некои неуспеси…
ЛАВ: БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ
Драг Лав, февруари беше дефинитивно тежок месец за вашиот знак. Март, за среќа, ви дава малку олеснување, но ќе мора да бидете трпеливи… Во љубовта ќе мора да го издржите противењето на Венера до 12-ти, додека планетата Марс ќе продолжи да ве прави уморни и под стрес до 23-ти. Од ’11-ти планетата Меркур повторно ќе биде активна во ваша корист и во втората половина на месецот може да пристигне некоја добра вест!
ДЕВИЦА: ПЛАНЕТИ ВО ОПОЗИЦИЈА
Драга Девица, за жал, во месец март ќе има неколку планети во спротивност со вашиот знак: до 11-ти ќе мора да го трпите Меркур, кој може да создаде блокади во вашите проекти или да донесе тензија во канцеларијата. Венера, од своја страна, ќе влезе во опозиција почнувајќи од 12-ти: во втората половина на месецот областа на чувствата ќе ви донесе проблеми… Марс – во опозиција од 23-ти – носи пад на енергијата.
ВАГА: ОДЛОЖУВАЊА НА РАБОТА…
Драги Ваги, после целокупниот мирен февруари, месец март може да ви донесе уште неколку главоболки, особено во однос на работата… Почнувајќи од 11-ти, всушност планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак: во канцеларија може да има непријатности или одложувања на вашите планови. Венера, поволна до 12-ти, ви дава среќна прва половина од месецот кога е љубовта во прашање.
СКОРПИЈА: УБАВО ОПОРАВУВАЊЕ!
Драга Шкорпија, март започнува за вашиот знак со малку замор и стрес поради спротивставувањето на Јупитер и неповолниот транзит на Марс и Венера… Во вториот дел од месецот, сепак, ќе има пресудно подобрување: во љубовта ќе успеете повторно да го откриете спокојството што го изгубивте во последните недели, додека, почнувајќи од 23-тиот ден, ќе доживеете добро закрепнување од гледна точка на психо-физичките енергии.
СТРЕЛЕЦ: МАЛА КРИЗА
Драг Стрелец, месец март започнува со Меркур во неповолна положба, што би можело да донесе одредена тензија во канцеларија во првите десет дена од месецот… Од 11-ти ден, пак, оваа планета повторно ќе ви се насмевнува и ќе нема недостаток на убави можности! Во љубовта можете да сметате на поволна Венера во првата половина од месецот, додека во втората половина би можеле да настанат расправии со партнерот и да доживеете мали, но важни, моменти на криза…
ЈАРЕЦ: ВЕНЕРА ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС!
Драг Јарец, вашиот месец март се отвора со Јупитер и Меркур активни во ваша корист, кои би можеле да ви донесат добри вести на професионално поле, особено во првата половина од месецот. Некои падови, сепак, би можеле да настанат во вториот дел од месецот, кога можеби ќе имате за што да разговарате со шефовите и колегите… Во љубовта можете да сметате на убава Венера во „пријателскиот“ знак Риби почнувајќи од 12-ти!
ВОДОЛИЈА: ГОЛЕМИ ЕМОЦИИ!
Драги Водолии, до средината на месецот можете да сметате на конјукцијата на Венера, кое ќе ви подари големи емоции! Љубовта ќе биде во центарот на вашите мисли и, доколку сте слободни, би можеле да имате важен состанок… На работа, сепак, добри вести би можеле да пристигнат почнувајќи од 11-ти, кога Меркур ќе направи поволен транзит кон вашиот знак. До 23-ти може да сметате и на поддршката на Марс, кој ќе ве направи енергични и полни со желба да се вклучите во активности!
РИБИ: ОДЛИЧНО!
Драги Риби, Сонцето конечно влезе во вашиот знак заедно со Меркур и Сатурн, а во следните неколку недели ќе му се придружи и Венера – почнувајќи од 12-ти – и Марс – од 23-ти! На работното место во првиот дел од месецот би можеле да пристигнат добри вести: се фаворизираат преговорите и договорите. Во љубовта, пак, пред се ќе биде позитвен вториот дел од месецот кој ќе ви донесе големо задоволство!