15:57 - 5 декември, 2025

Хороскоп за 28 јануари: Девиците ќе бидат неодоливи за спротивниот пол, а вие?

Овен

Љубов: Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак, секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање.

Кариера: Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверените критериуми, а тие нека го бараат она што го наумиле.

Здравје и совет: Немир и несоница.

Бик

Љубов: Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност, ќе се реши со искрена прегратка без зборови.

Кариера: Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно.

Здравје и совет: Сетете се на своите приоритети.

Близнаци

Љубов: Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во нечие друштво, доколку не зборуваат премногу, затоа што нема да ги разберат.

Кариера: На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка, но мора да се одработи.

Здравје и совет: Клопчето треба да се одмота до крај.

Рак

Љубов: Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома, во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето.

Кариера: Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи.

Здравје и совет: Свртете се кон иднината.

Лав

Љубов: Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега.

Кариера: Одличен е денот за специфични комуникации, кои бараат чувство за нијанси и посебен талент.

Здравје и совет: Презентирајте ги своите идеи. Добри се.

Девица

Љубов: Вашата страст ќе биде поизразена од обично, а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите.

Кариера: Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција

Здравје и совет: Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација.

Вага

Љубов: Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете.

Кариера: Вашите колеги денеска ќе ве насмеат, зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем, а вие сакате да бидете детектив.

Здравје и совет: Ќе се чувствувате одлично.

Скорпија 

Љубов: Ќе бидете заиграни, креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа, каде има некој на кого му се допаѓаат.

Кариера: Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други.

Здравје и совет: Покажете ги своите таленти.

Стрелец 

Љубов: Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов.

Кариера: Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува.

Здравје и совет: Внимавајте на синусите.

Јарец 

Љубов: Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност, затоа што ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат.

Кариера: Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поевтино.

Здравје и совет: Вашите пријатели можеби ве шпионираат.

Водолија

Љубов: Не е исклучено да настане вистински хаос, кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и сè ќе биде во ред.

Кариера: Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни.

Здравје и совет: Нервоза и замор.

Риби

Љубов: Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува.

Кариера: Деловните контакти стануваат сè поинтересни, а темите за кои расправате се како од филм.

Здравје и совет: Ништо не може да ве изненади.

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....