Овен
Работа: Денешното соѕвездие може да ви ја отежне атмосферата на работа. Чувството на губење контрола над ситуацијата е главниот предизвик на овој ден. И покрај ова, ќе најдете решение во последен момент.
Љубов: Ви претстои љубовна авантура со една Вага или Водолија. Ситуацијата носи пресврти и возбудувања кои одамна не сте ги доживеале.
Здравје: Напнатост.
Бик
Работа: Ретроградниот Меркур ја нарушува стабилноста што ја сакате во деловниот живот. Денешните деловни разговори можеби ќе бидат тешки, но и покрај тоа ќе постигнете договор.
Љубов: Слободните Бикови можат да се вљубат во една шармантна и елоквентна Девица. Тоа може да се претвори во сериозна врска.
Здравје: Ревматски болки.
Близнаци
Работа: Денеска совршено ќе се претставите на деловниот состанок и ќе стекнете доверба на долги патеки. Ова ќе ви помогне да постигнете значителен напредок.
Љубов: Слободните Близнаци може да очекуваат авантура со многу шармантен Стрелец. Период на љубовна возбуда и нагласена еротика.
Здравје: Дигестивни нарушувања.
Рак
Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, денеска можете да очекувате проширување на вашиот круг на активности. Новите познанства ќе ви донесат нови перспективи на работа.
Љубов: Раковите кои се во врска денеска можат да донесат заедничка одлука за некое патување. Ве очекува хармонија во односите.
Здравје: Нервоза.
Лав
Работа: Предизвикувачки планетарно соѕвездие може да доведе до раскинување на некои соработки. Тоа не може да ве изнервира затоа што сте смислиле алтернативен правец за развој во кариерата.
Љубов: Станувате незадоволни од партнерот кој сè повеќе се повторува во своето однесување. Сакате промени, а ќе ги најдете на почетокот на новата врска со Вага или Девица.
Здравје: Добро.
Девица
Работа: Овој ден може да ви донесе разговор зад затворени врати. Можеби се водат некои тајни преговори. Девиците кои се занимаваат со научно истражување и пишување може да очекуваат посебен успех.
Љубов: Чувствувате неодолива привлечност кон личност која ја познавате долго време, а наскоро ве очекува зближување.
Здравје: Дигестивни нарушувања.
Вага
Работа: Вагите кои се незадоволни од својата работа денеска можат да ги активираат своите врски. Еден ваш пријател ќе ви помогне да најдете многу подобра работа.
Љубов: Веќе подолго време имате повеќе од пријателски чувства кон една личност. Направете го првиот чекор кон зближувањето, бидејќи сега е вистинското време.
Здравје: Нервоза.
Скорпија
Работа: Претходното планетарно соѕвездие можеше да остави трага на вашите деловни контакти. Можеше да дојде до прекин во некаква соработка, но денеска сте на почеток на нова работа или некој бизнис.
Љубов: Не препуштајте се на бранот сомнежи за партнерот, бидејќи тоа може да заврши со бурни изливи на емоции и љубоморни сцени.
Здравје: Солидно.
Стрелец
Работа: Еден деловен партнер може да се обиде да ја поткопа вашата деловна репутација. Чувајте се од интриги и манипулативни луѓе.
Љубов: Љубовта на далечни патувања може да го одбележи овој ден. Последиците можат да бидат меч со две острици, бидејќи ви носат продолжување на врската, но на далечина.
Здравје: Солидно.
Јарец
Работа: Посветете го овој ден на важното деловно планирање и организација за следната недела. Пред вас е предизвикот да работите на нов долгорочен проект.
Љубов: Обновувањето на врската со личност која многу ви значела во минатото може да ве доведе во дилема, бидејќи односот може да се искомплицира.
Здравје: Добро.
Водолија
Работа: Се наоѓате на раскрсница, бидејќи пред вас се појавуваат сосема нови насоки во кариерата. Времето не е поволно за донесување важни одлуки.
Љубов: Подемите и падовите во вашата нова врска ве тераат да се сомневате дали ова е вистинската личност за вас.
Здравје: Нервоза.
Риба
Работа: Задоволни сте од новите услови за работа и новите деловни соработници. Завршивте едно поглавје во кариерата, а сега ве очекува ново поглавје.
Љубов: Слободните Риби можат да запознаат нова, многу интересна личност на некое далечно патување.
Здравје: Одморете повеќе.