26.8 C
Скопје
22:21 - 11 септември, 2026

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Софија Милошевиќ е една од најубавите српски манекенки, а дека вложува и во својот физички изглед зборувала повеќепати, што е и очигледно.

Сепак, во една прилика, Софија одлучила да ги коригира темните кругови околу очите, односно подочниците, па откако посетила лекар и се договорила, интервенцијата започнала. Меѓутоа, докторот направил грешка и ѝ ставил премногу филери. Моделот сега ги раскажала деталите од оваа непријатна ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA MILO (@sofijamilo)


– Се пожалив на докторот за моите подочници и го замолив да направи нешто во врска со тоа. Тој ми стави премногу филери. Се спуштија до половина по лицето, но во тој момент не знаев што се случило. Гостував и во емисии, изгледав како да ме искасале пчели, бев очајна. Се консултирав со дерматолози, никој не знаеше во што е проблемот. На крајот помислив дека можеби лошо стареам  и почнав да го прифаќам тоа – открила Софија во поткастот „Безбедно место“.

Како што вели таа, во што е проблемот дознала кога отишла кај друг лекар да направи „прп“ третман.

– Тој ме праша што ми се случило со лицето. Беше убеден дека сум правела јаболчници. Кога му кажав дека имам филери поради подочниците, тој веднаш сфати што се случило. Погледна и рече, па тебе филерот сосема ти се спуштил. Морав сето тоа да го растопам. Не беше болно, но се вратив дома со мојот облик на лице. Значи, никогаш повеќе нема да правам филери. Кога ќе дојде време, ќе направам лифтинг на лицето – рекла Софија.

Манекенката зборувала и за грижата и признала дека не е роб на секојдневното мачкање кремови на лицето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA MILO (@sofijamilo)


Инаку, Софија го привлекла вниманието на јавноста, овој пат и поради својот изглед, поточно лицето. Таа била гостинка во емисија каде што зборувала за својот приватен и деловен живот. Сепак, она што им го привлекло вниманието на корисниците на социјалните мрежи е тоа што нејзиниот изглед претрпел забележителна промена.

Во коментарите што набрзо се појавија под објавите, некои следбеници шпекулираа дека Милошевиќ „претерала со ботокс“, наведувајќи дека промените на нејзиното лице се „премногу забележливи“ во споредба со претходниот период.

„Веќе не личи на себе“, „Софија, што ќе ти направи ботоксот“ „Беше природно убава, не ѝ требаше ова“, се само дел од коментарите што кружат на мрежата.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.

Од 50 евра до десетици илјади евра — кој што носеше на гламурозниот роденден на Ника и Атина Тошиќ

E.A.

Триесет години од возобновувањето и осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун

Еспресо
Се вчитува....